Претходно
Индиска крем салата со многу зеленчук
Превкусен прилог кој можете да го послужите со секаков ручек…Потребни состојки:
- 235 г павлака
- 1 среден морков, исечкан
- 1 бабура (црвена, жолта или зелена), исечкана
- 1 средна краставица, излупена и исечкана
- 1 среден домат, исечкан
- 1 мал кромид, ситно исечкан
- ¼ лажиче бибер
- ½ лажиче мелен ким
- сол
Начин на подготовка:
1. Павлаката изматете ја со жица додека не стане пенеста.
2. Додадете ги зачините и повторно убаво измешајте.
3. Додадете го целиот зеленчук и промешајте го со павлаката.
4. Пробајте и додадете уште зачин доколку е потребно.
5. Послужете веднаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.