Индиректен начин да дознаете дали партнерот би бил отворен за некоја ваша сексуална фантазија

Индиректен начин да дознаете дали партнерот би бил отворен за некоја ваша сексуална фантазија

Истражувањата покажуваат дека најголемиот проблем на мажите во креветот е искрено да кажат што сакаат да прават бидејќи се плашат како жените ќе реагираат. Жените, од друга страна, често велат дека се плашат да ги искажат своите сексуални фантазии бидејќи не би сакале да изгледаат чудно во очите на партнерот. Но не грижете се! Постои одличен индиректен начин да дознаете дали партнерот или партнерката би сакале да пробаат нешто „необично“ меѓу чаршафите.

Индиректен начин да дознаете дали партнерот би бил отворен за ваша сексуална фантазија

Експертот за секс и односи, Кристен Марк, го открила најдобриот и најлесниот начин да ги искажете своите сексуални желби и фантазии, без воопшто да се срамите, ниту пак да почувствувате страв од одбивање. Доволна е само една реченица со која би го тестирале теренот и лесно би дознале дали партнерот е отворен за тоа што сакате да го предложите. Па наместо да размислувате како што посуптилно да го кажете тоа што го сакате, започнете го разговорот на овој начин:

„Сонував дека…“

Во продолжение додајте ја вашата сексуална желба или опишете некоја сексуална фантазија и според реакцијата на партнерот ќе дознаете дали тој или таа би прифатиле нешто такво или не. Ако му/ѝ се види интересно, вие добивате, а ако реагира чудно или почне да се смее, и понатаму сте сигурни бидејќи не постојат докази дека овој „сон“ е всушност реалност. Како ќе продолжите од тука, останува само на вас.

Кои се најчестите сексуални фантазии на модерните жени?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар