Имате проблем со акни? Магнезиумот е вистинското решение за вас!
Зачудувачки е фактот дека дури 75% од светската популација страда од недостаток на магнезиум. Се работи за минерал присутен во многу намирници вклучувајќи спанаќ, авокадо, тиква, бадеми и темно чоколадо. Магнезиумот му помага на организмот нормално да ги извршува своите активности, но претставува и клучен фактор во справување со акните. Сите оние кои имаат проблеми со лицето треба да внесуваат доволна количина на магнезиум за да се ослободат од акните или мозолчињата.
Зошто магнезиумот е толку важен кога станува збор за кожата? Затоа што помага во регулирање на хормонот на стресот или кортизол како и во воспоставување рамнотежа помеѓу хормоните. Магнезиумот изобилува во гореспоменатите намирници, но се содржи и во грашок, сусам, ленено семе, банани… Покрај исхраната, магнезиумот може да се внесе преку додатоци во вид на капсули или шумливи таблети.
Откако дознавте како да се справите со акните преку консумирање магнезиум, прочитајте и кои намирници содржат најголемо количество магнезиум.