Имате чувство како нешто да не е во ред со вашето тело? 4 знаци дека сте полни со токсини!
Ако го отворивте овој текст, сигурно имате некое чудно чувство дека нешто не е во ред со вашето тело. Можеби не се чувствувате толку добро како некогаш или храната што некогаш го задоволувала вашето тело и му давала енергија сега го прави токму спротивното. Лесно се препишуваат овие знаци на стареењето, но нашето тело функционира на сосема поинаков начин. Ако нешто навистина не е во ред, вие нема да си замислувате. Овие чувства се предизвикани од вашето тело со цел да ве натера да откриете каде е проблемот. Па, ако се пронајдете во некоја од овие 4 ситуации, тогаш дефинитивно сте преполни со токсини и потребно е да се ослободите од нив за да си ја вратите добросостојбата.
1. Постојано сте полни
Вашето тело треба секојдневно да ги исфрла отпадите. Тоа вклучува празнење на цревата барем еднаш во текот на денот. Ако не се ослободувате од отпадот во телото, токсините ви се враќаат во крвотокот и прават комплетен хаос.
Совет: Ако имате проблеми со тврда столица, обидете се да пиете повеќе вода, да вежбате, да пиете некој квалитетен пробиотик или пак, билен чај.
2. Имате лош здив
Лошиот здив не само што може да ви го расипе љубовниот состанок, туку исто така може и да укажува на зголемена количина токсини во телото. Тоа може да се случи поради насобирање на бактерии во устата што испуштаат биопродукти со силен мирис. Од друга страна пак, лошиот здив може да настане и како последица од црниот дроб и цревата што имаат проблеми со елиминација на токсините.
Совет: Можете да почнете да користите четка за јазик со цел да ги елиминирате бактериите на него. Исто така обидете се и да земате свежи зачини како магдонос и коријандер, бидејќи се фантастични кога станува збор за детоксикација на црниот дроб.
3. Ви сметаат одредени миризби
Ако имате силни реакции на миризбите како што се парфемите или димот, тоа може да биде под влијание на токсините во вашето тело. Често стануваме пречувствителни на надворешните миризби ако нашиот црн дроб има проблеми со елиминирање на токсините од телото. Кога се затворени патиштата за детоксикација, нашето тело го чувствува тоа и сите сетила се изоструваат, притоа создавајќи реакции како главоболки и мачнини.
Совет: Помогнете му на црниот дроб така што ќе пиете повеќе чаеви за прочистување на организмот. Исто така можете да пробате и да се исчистите со помош на рицинусово масло.
4. Имате вишок килограми што не можете да ги стопите
Постојат многу причини зошто не можете да ослабите. Нарушени хормони, неправилна исхрана, како и зголемен број токсини во телото. Некои од овие токсини можат и да го потхрануваат нашето тело со мрсни клетки, па токму затоа и постојано ви надополнуваат за изгубените калориите.
Совет: Мора да најдете начин како да ги исфрлите токсините од телото на здрав начин. Тоа подразбира подобрување на природната состојба на телото за да може да се прочистува и пронаоѓање рамнотежа во животот. Еден од најсигурните начини на чистење и детоксикација е намалување на изложувањето на овие токсини така што ќе воведете здрава, органска храна. Пиењето повеќе вода е исто така одличен совет.
Прочитајте ги и овие 12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето!