Имате цел живот за да го пронајдете идеалниот партнер, затоа најпрво пронајдете се себеси

Имате цел живот за да го пронајдете идеалниот партнер, затоа најпрво пронајдете се себеси

Не постои човек што нема потреба од блиска личност до него, со која ќе ги споделува животните моменти, но во некои случаи треба да ја ставите љубовта на чекање. Сѐ уште не ви е потребен некој до кој ќе заспивате. Тоа може да почека. Не треба да ви биде приоритет да го најдете партнерот од вашите соништа, оној кој најмногу ви одговара. Наместо тоа, треба да настојувате најпрво да се пронајдете себеси.

Имате цел живот за да го пронајдете идеалниот партнер, затоа, најпрво пронајдете се себеси

Дознајте што е она што ве возбудува, што ве прави среќни и што ви го поттикнува адреналинот. Што е она што ве убедува да останете будни до 3 часот, а да се разбудите во 5 часот наутро. Пронајдете го она што ве поттикнува да растете и да се развивате како личности. Дознајте зошто девојката во огледалото изгледа тажно кога е сама. Што ѝ треба? Што ѝ недостига? Ако е некоја личност, тогаш каков вид човек ќе ја пополни празнината каде што треба да биде нејзината насмевка? Дали ѝ недостига најдобриот пријател? Дали ѝ фали некој странец со кој ќе може да зборува и да заборави на болката?

Откријте што е она што ги буди пеперутките во вашиот стомак и му дава смисла на вашиот живот. Дознајте кои сте, каде припаѓате и што сакате од овој хаотичен свет. Можеби сакате голема куќа, но дали таа ќе ви ја пружи топлината на еден дом? Или можеби сакате на вашиот ѕид да виси диплома, да имате бебе во вашата прегратка или пак мало кученце кое ќе трча низ вашата градина? Сакате да работите како новинар, но се плашите дали ќе заработувате доволно? Настрана од финансиите и од безбедноста, што е она што се надевате дека ќе ви го подари животот?

Откријте што сакате овој универзум да ви достави. Не плашете се дека ќе звучите алчно, себично или нереално. Не воздржувајте се од тоа да имате преголеми фантазии, бидејќи помеѓу тие соништа ќе пронајдете скриени важни делови. Ќе дознаете што е она што ве исполнува и каква личност сте вие навистина. Пронајдете што е она што ве инспирира и ве мотивира. Што е она што ви дава енергија и прави да останете на нозе дури и во најтешките денови?

Откријте кое е вашето место на оваа планета, затоа што без разлика колку безвредно можете да се чувствувате, вие имате цел, имате причина зошто постоите. Имате на располагање цел живот за да го пронајдете вашиот партнер, затоа, најпрво пронајдете се себеси. Заслужувате да се запознаете самите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар