Има живот и после него: Мали потсетници дека се чувствувате одлично и по раскинувањето

Има живот и после него: Мали потсетници дека се чувствувате одлично и по раскинувањето

Без разлика на тоа колку тешко било раскинувањето и сте мислеле дека после него повеќе ништо нема да биде исто, вие набрзо ќе почнете да се чувствувате подобро! И ќе бидете подобро! Затоа ставете насмевка на лицето и прочитајте ги следниве мали потсетници кои ќе ви покажат дека животот е убав и без оној кој некогаш ви бил сè!

1-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_

1. Се разбудивте, а тој не е првата работа на која што помисливте. Всушност, немате помислено на него веќе подолго време.

2. Си го зготвивте вашиот омилен појадок, а притоа не моравте двапати да размислувате дали вашиот избор ќе задоволи уште некој освен вас.

3. Ја сакате вашата работа.

4. Имате неколку добри пријатели на кои секогаш можете да им се јавите и да ја испланирате вечерта.

5. Кога треба да излезете за време на викендите, се погледнувате во огледало и повторно можете да се чувствувате добро во сопствената кожа.

6. Сега вашите денови се исполнети со себични, преубави работи: Шопинг, читање книги или со долги телефонски разговори со вашата сестра.

7. Ништо повеќе не ве попречува. Кога нешто ќе посакате, тоа и го остварувате.

3-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_

8. Сега спиете на средината од својот кревет, замотани во ќебињата.

9. Повеќе не чувствувате празнина во своите гради. Всушност, се чувствувате совршено добро.

10. Уживате во излегувањата и во зајдисонцето.

11. Не чувствувате потреба да бидете она што не сте.

12. Купивте нова облека само за себе.

13. Започнавте да го привлекувате вниманието на спротивниот пол и чувството воопшто не е лошо.

14. Повеќе не тагувате за неговите слики.

15. Се чувствувате посилно.

16. Можете толку многу да направите сами. Способни сте и флексибилни.

2-ima-zhivot-i-posle-nego-mali-potsetnici-deka-se-chuvstvuvate-odlichno-i-po-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_

17. Повеќе не чувствувате болка. Кога ќе се разбудите се чувствувате како нови.

18. Повеќе не ве интересира што е со него и што прави. Искрено му посакувате среќа каде и да е.

19. Започнавте да пронаоѓате утеха во својата самотија и чувството е одлично.

20. Опкружени сте со нови прилики, пријателства и спомени кои полека ги создавате.

21. Сигурни сте во себе.

22. Станавте многу поблиски со вашето семејство.

23. Се ослободивте од својата огорченост. Сега се чувствувате слободно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар