Има друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевност

Има друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевност

Замислете дека вашиот животот се одвива онака како што сте си замислиле дека треба. Едноставно сè е совршено, освен едно нешто. Тоа нешто што едноставно чувствувате дека не е како што треба. Можеби сте уморни. Можеби вашата работа е само добра, а не одлична. Можеби имате недостаток на љубов која ве води до непријатна осаменост. Вие не знаете како да ги поправите нештата околу вас, па затоа се насочувате против себе. Но, ова однесување нема да ви биде од корист, а еве и зошто…

Има друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевност

Трчањето кон вашиот бивш партнер е бегање од проблемите – Каде што нема нова љубов, нема ни исчекување. И ако нема исчекување, не постои движење кон напред. Па, тогаш зошто би сакале да се движите наназад додека животот ви стои во место?

Со започнувањето караница нема да добиете нов почеток – Вие не сте лути на луѓето кои ве сакаат, но сепак секојдневно им се истурате. Обвинувањето на другите нема да ви помогне да го намалите вашето чувство на вина.

Со купувањето скап фустан нема да купите среќа – Шопинг терапијата ни предизвикува да се чувствуваме нови, сè додека парчето облека кое сме го купиле не остари и дојде време за ново… По само еден ден носење.

Сексот со лошо момче нема да ви помогне да ја заборавите болката – Тој е лош. Вам ви е здодевно. Вие го правите тоа само затоа што тој е тука, дури и покрај тоа што се чувствувате лошо затоа што знаете дека ќе се чувствувате лошо откако ќе заврши. Тоа е образец во кој лесно можете да паднете, но од кој тешко е да излезете.

Решението не се крие во дното на шишето – Пиењето алкохол може да биде безопасна забава, но сепак постои разлика помеѓу весело расположение и онесвестување. Со алкохолот нема да можете да ја испиете и вашата болка, туку само ќе ја намалите на краток временски период, а потоа кога тој ќе излезе од вашиот систем, ќе ја почувствувате уште посилно.

Честите љубовни состаноци нема да ја пополнат празнината која ја чувствувате – Сите велат дека друштвото може да ви помогне да не се затворите во себе, но кратките и брзи љубовни состаноци нема да успеат да ја постигнете таа цел. Сериското состанување повторно ќе ве остави сами за појадок.

Драмата не ја зголемува вашата креативност – Страста може да биде драматична, но не секоја драма значи страст. На крајот од денот, драмата си е токму тоа – драма. Само кога се чувствувате неисполнето имате потреба да отворате стари рани.

Будноста нема да ви помогне да го разбудите вашиот дух – Живеењето на животот брзо и без доволно одмор со тек на време ќе ви се одрази негативно. Потребно ви е време за дишење со цел да ги намалите стресот и грижите во вашиот живот.

Храната нема да ви помогне полесно да се соочите со светот – Храната може да биде ваш пријател, но не и вашиот најдобар пријател. Таа не е единственото нешто во животот.

Малите апчиња нема да го ви го олеснат багажот – Вие можете да ги поминувате вашите денови опкружени со пријатели или пак, ноќите во танцување. Но, опуштањето со хемикалии нема да ви помогне да ја опуштите и вашата душа.

Ако се мразите себеси нема да можете да сакате никој друг – Многу е лесно да се доживуваме како безвредни кога не размислуваме јасно, но кога се појавува самодеструктивното однесување, ние мора да почне вежбаме како да се прифатиме онакви какви што сме. Ако се растурите, потоа нема да можете одново да се составите.

Ако се лутите на светот нема да престанете да се лутите на себе – Светот е несовршено место бидејќи луѓето кои го населуваат се несовршени. Вие никогаш нема да можете да бидете среќни доколку не прифатите дека животот носи и низа разочарувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар