Игри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срами

Игри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срами

Сексот кој вклучува фетиши отсекогаш предизвикувал амбивалентни чувства на привлечност и одбивност во исто време, па токму затоа многумина не се осмелуваат долго време да ја истражуваат оваа страна од нивната сексуалност. Но, и покрај тоа што оние кои имаат одредени фетиши порано се сметале за чудаци, денес работите полека се менуваат и луѓето стануваат многу поотворени кон нив нив.

Игри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срами

Фетишите обично се фиксација на одредени нешта како високи потпетици, секси долна облека или пак, врзување. Тоа понекогаш не вклучува чудни работи, ниту пак екстремни кои не би биле прифатливи и за двете страни. Но, за возврат тие може да ви донесат нови елементи на фантазија и да го зачинат односот со вашиот партнер. Па, доколку сакате да истражите нова страна од вас, дури и да сте многу срамежливи, ви препорачуваме да ги пробате овие секси игри…

Врзување

Големи се шансите дека многумина веќе ја пробале благата верзија од овој фетиш која вклучува „заврзи ме за време на предиграта, но одврзи ме за време на сексот“. Овие интимни игри можат да ја зголемат страста бидејќи едниот партнер во целост се предава на другиот и токму тоа чувство на беспомошност и препуштање може да биде извонреден афродизијак. Доколку сакате да го пробате овој вид интимност, договорете се со партнерот однапред што ќе користите за врзување и имајте на ум дека целта е едниот од вас целосно да ја преземе контролата, па токму затоа потребни ви се и јасни правила за работите да не избегаат од контрола.

Играње улоги

Играњето улоги е одличен пример за фетиш во кој можете да искусите огромен број фантазии. Во овој вид сексуален однос можете да пробате сè што ќе ви падне на памет, започнувајќи од секс со странец, секс во кој глумите неверство или пак, секс со стриптизерка. Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно или смешно, но во соодветна атмосфера би требало да можете добро да ја одиграте вашата улога.

Облекување како друга личност

Облекувањето не мора да биде ограничено само на секси медицинска сестра или француска слугинка. Дозволете ѝ на вашата фантазија да надвладее и обидете се да бидете креативни. Користете различни видови градници, корсети или танги од необични материјали. Имајте на ум дека и покрај тоа што чипката и свилата би биле добар избор, најголем дел од фетишите се поврзуваат со кожен материјал, оној кој сјае. Изборот е ваш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар