Игра со шари: 6 совети за комбинирање различни дезени
Автор: Софија Сионова
Жените се познати по тоа што купуваат сѐ што треба, но и сѐ што не треба. Блузи, јакни, пантолони, па дури и најапсурдни работи под изговорот „немам вакво“. Тука некаде се и принтовите кои се едни од најкомплексните за комбинирање. Кога го користиме принтот, ние практично зборуваме преку нашата облека, но сепак она што го кажуваме може да биде и застрашувачко. Затоа треба многу внимателно со принтовите…
1. Без брзање
Прво одберете дезенирано парче со кое сметате дека ќе привлечете внимание. Тоа е вашата почетна точка. Потоа, поставете ги сите можни опции околу него и оттука продолжете со комбинирање.
2. Почнете со ригите
Оваа основна и лесно засаклива шара е добра за сите. Иако ригите создаваат зголемено влијание во комбинација со еднобојно парче, нивната едноставност сепак може да ги придуши неонскиот цветен и војничко инспирираниот дезен.
3. Вмешајте ги додатоците
Уште еден добар совет во оваа игра е да започнувате полека. Наместо да брзате со носење на две парчиња со различен дезен, пробајте една помала апликација на поголемо парче облека (пример: црно-бело здолниште со графички елементи) и неговиот соодветен партнер, но во помало издание (пример: разнобојни сандали) Придушување на здолништето и сандалите е постигнато со минимално разголување на кожата.
4. Останете во истата палета на бои
При мешањето исклучително важно е да не спојувате бои кои премногу се разликуваат. Изедначувањето на боите подобро ќе ги истакне и двата принта. Правилото на овој метод е барем една иста боја да се сретнува и на двете парчиња од облеката.
5. Спојте ги спротивностите
Сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат, а ова златно правило се применува и кај дезените. Започнете со мрежна шема, а потоа надополнете го изгледот со релаксирани цветни пантолони. Втората опција е ситен кариран дезен во комбинација со дезен инспириран од арапските земји. Сѐ додека целите кон хармоничен баланс, ова дуо е пар од соништата.
6. Ризикувајте
Спојувањето на различните текстури и шари треба да биде интересно. Техниката привлекува љубопитни погледи и гарантира позитивен впечаток. Ако сте доволно самоуверени излезете од вашата комфорна зона и склопете понеобичен изглед. Одлична варијанта се двата класици – пепито и риги, плус посуптилна форма на плико чантичката со модерен леопардов принт – ќе изгледате софистицирано и елегантно. Повторно, клучот се наоѓа во балансот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.