Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

Постои една стара поговорка која вели: „Ако луѓето сакаат да ве поразат, тоа значи дека сте над нив“. Во денешно време кога сите се опседнати со успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер играта се претвора во апстрактна именка, а газењето преку лешови за да се стигне до целта – потреба. Суетата е дел од сечиј работен ден, а зависта и љубомората можат да се забележат од километар. Неправдата проаѓа неказнета, а добродушните луѓе не знаат што да прават и како да се однесуваат.

Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

Кога на чесен начин, со работа и труд ќе ги надминете оние амбициозните и бескрупулозните, тие ќе станат жедни за одмазда. Ќе се обидат преку разни сплетки и озборувања да ве спуштат на нивно ниво и постојано ќе ве напаѓаат со двосмислени реченици. Доколку ви се случи ова, треба да знаете само едно нешто: Игнорирањето е најдобрата одмазда.

„Кога човек е игнориран, тој се прашува зошто е тоа така. Доколку ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледно лоша намера, нема да има мир“, изјавила психологот Елизабет Мајер.

Ќе се прашува што ви се врти во главата, кој ќе биде вашиот следен потег, зошто сте постапиле така, дали сте ја откриле нивната намера… На крајот целосно ќе се изгуби и ќе се одмазди самиот на себе. Одмаздата никогаш не е вистинскиот пат. Таа е како шума – лесно е човек да го изгуби правецот, да залута и да заборави од каде дошол.

Според една стара поговорка „Сѐ што е потребно за да се победи злото е добриот човек да не преземе ништо“. Тоа се однесува на отсуството на реакција на туѓото зло. Кога воопшто не реагирате, туку се правите дека ништо не се случило или дека тие луѓе не постојат, злите личности нема да имаат никакво влијание. Ќе сфатат дека сѐ што направиле е залудно, а уште потешко ќе им падне тоа што не знаат ниту што знаете ниту што мислите и тоа ќе ги излуди. Токму поради тоа игнорирањето е најдобрата одмазда.

Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

Интелигентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за сопствениот напредок, но тоа нема никаква врска со животот на другите луѓе и со сплетките. Тие се одмаздуваат на следниве начини:

1. Говорат преку нивните дела. Не им дозволувајте на емоциите да управуваат со вашите постапки и не ја претворајте одмаздата во лична работа. Поради тоа само ќе се чувствувате лошо. Посветете се на она што знаете да го правите најдобро без озборувања, сплетки и непотребни разговори со оние кои не го заслужиле вашето внимание.

2. Не молчат само за да ги смират страстите. Не треба да им се попушта на манипулаторите кои прават сплетки и да им се угодува за да се одржи мирот и наводната хармонија во околината. Напротив, мудрите луѓе со помош на двосмислени реченици им даваат до знаење на тие личности дека знаат какви се и на тој начин им докажуваат дека не се слепи и дека нема да можат да ја повторат истата грешка без последици.

3. Не се изолираат. Повеќете луѓе откако ќе доживеат напад од страна на блиска личност, обично се повлекуваат во изолација. Но, манипулаторите токму тоа и го сакаат: Да се изолирате и повлечете како вие да сте виновни.

4. Не возвраќаат веднаш со напад. За да ја одбегнете етикетата која гласи „Нападот е најдобра одбрана“, оставете ги работите да мируваат некое време. Освен тоа, кога ќе се изнервирате и покажете вашиот гнев, ќе ги откриете вашите слабости и на тој начин ќе ја нахраните потребата на оној кој токму тоа сакал да го постигне.

5. Стануваат поуспешни. За лошиот човек нема ништо поболно од туѓата среќа. Тоа е уште една причина зошто интелигентните луѓе стануваат поуспешни кога некој ќе се обиде да ги повлече на дното.

Најлошото што можете да го направите е да возвратите со иста мера. Во тој случај нема да испаднете ништо подобри од оној кој ви нанел зло. Злото не може да се поправи со зло. Немојте да се валкате во туѓата кал и слушајте ја вашата совест и разум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар