Идеи за летни забави
Искористете го топлото време и доброто расположение и подгответе неколку незаборавни летни журки. Ви нудиме теми за забава и секако, интересни идеи со кои дополнително ќе ја „зачините“ атмосферата. Не ви требаат големи парични средства, туку развиена имагинација и желба за добра забава.
Журки кои можете да ги направите:
Латино забава – Дозволете им на соседите да слушнат малку добра забава, повикајте ги вашите пријатели и танцувајте на латино хитови.
Коктел забава – Подгответе интересни коктели кои ќе ги натераат вашите пријатели никогаш да не ја заборават вашата забава. Еве некои идеи:
Доколку не сакате да купувате многу состојки и пијалаци, купете повеќе украси и украсувајте ги коктелите на различни начини, така ќе внесете разновидност и ќе ја разбиете монотонијата. Еден ист коктел може да изгледа сосема различно доколку е сипeн во различни чаши, во едната украсен со чадорче, а во другата со јаготка или парче портокал.
Скара – Сакате преку ден или навечер, подгответе скара под отворено небо. Не подготвувајте ја скарата пред да пристигнат гостите, забавата нека се одвива паралелно.
Женска забава – Тука веќе се добредојдени само вашите пријателки, а ние ви нудиме интересни идеи за незаборавно женско дружење.
Филмска вечер – Организирајте летна филмска вечер под отворено небо, а ние имаме многу идеи за филмови кои би можеле да ги гледате.
Славете не-роденден – Испратете им интересни покани на вашите пријатели со кои ги поканувате да би бидат гости на вашиот не-роденден и да ви донесат не-поклони. Ќе биде забавно, ќе се изнасмеат и ќе ја доловите главната цел – не ви треба посебна причина ниту повод за добра забава.
Идеи за „зачинување“ на забавата:
Направете оригами и украсете го местото на забавата, наберете цветови и поставете ги на масите.
Ставете свеќи во тегли и затворете ги со хартија чашите за коктел, оставајќи доволно место само за цевката (може да ги искористите шарените хартии за мафини или за визитарски колачи).
Нека изобилува со овошје, во десертите, коктелите…
Обичното направете го интересно. Овошјето спакувајте го во хартија, украсете ги чашите, шишињата…
Предлози и идеи за напитоци и десерти:
Напитоци:
- Милкшејк од јагоди
- Шејк од малини и диња
- Мохито од ананас на скара
- Џус од лубеница
- Алкохолна лимонада со манго
- Мохито од јагоди
Десерти:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.