Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание
Не е тајна дека секоја девојка е нервозна и под стрес пред првиот состанок. Тогаш се прашувате што да облечете, колку шминка да ставите, но и каква фризура да направите со цел да оставите најдобар впечаток. Но, пред да почнете да паничите и да се нервирате, погледнете ги овие неколку идеи за фризури што ќе ви помогнат да изгледате прекрасно и да го добиете целото негово внимание.
1. Двојни плетенки
Ако немате многу време, ова е одлична фризура која се прави за 10 минути, а одговара и за долга и за кратка коса. Не треба да ја исправувате, освен ако не сакате малку да ја скротите. Овој изглед ќе изгледа добро со бранови или кадрици, но и да немате време за тоа, сепак истите ќе ви прилегаат прекрасно. Едноставно направете две плетенки од двете страни, завиткајте ги заедно околу главата и ќе бидете спремни да го освоите!
2. Пунџа и плетенка
Не знаете дали косата да ви биде пуштена или собрана за првиот состанок? Имајте ја предвид локацијата и фактот колку ви е „послушна“ косата тој ден. Доколку одите на вечера, подобро е да ја соберете, а истото важи и ако таа не е во своето најдобро издание. Плетенката е многу женствена, додека пак пунџата ја држи косата во место. Дефинитивно нема да погрешите.
3. Половина пунџа со плетенка
Оваа фризура денес е тренд во светот на модата. Наместо постојано да ви биде исправена или пак, собрана во обична пунџа, бидете малку поразлични така што ќе направите и плетенка, а со пуштениот дел направете бранови. За оваа фризура ќе ви треба само фигаро и за 25 минути ќе имате прекрасна и невообичаена фризура.
4. Странична плетенка во форма на рибја коска
Плетенките на страна изгледаат привлечно, но бидете повпечатливи така што ќе додадете уште еден прамен и ќе ја формирате плетенката познат како рибја коска. Таа изгледа тешко, но со малку вежбање можете да ја направите за само 5 минути.
Погледнете уште четири интересни идеи на наредната страница…