Идеално за летни денови: Парфе со малини
Највкусниот летен овошен десерт
Потребни состојки:
- 450 грама малини
- 2 белки од јајце
- 100 грама шеќер
- 4 лажици вода
- 2 лажици лимонов сок
- 300 грама шлаг
Начин на подготовка:
Матете ги белките додека не добиете цврста снежна смеса. Потоа, во друг сад измешајте ги шеќерот и водата и ставете ги на оган додека не зовријат и не се претворат во густ сируп. Внимателно и постепено сипувајте од сирупот во смесата со белките и потоа нежно измешајте.
Измијте ги малините, изгмечете ги и додајте ги во лимоновиот сок. Потоа измешајте ги со смесата со белките. Во друг сад изматете го шлагот (одвојте малку на страна за декорација) и двете смеси соединете ги и оставете ги во замрзнувач на околу 1 час.
Префрлете го парфето во сад за послужување и декорирајте го со сладолед и свежи малини.
Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и овој шкотски десерт со малини.