Идеално решение за вкусна вечера: Лесна, летна пица од тортиља
Доколку се прашувате како да го израдувате вашето семејство или пак гостите со некоја лесна, летна вечера, тогаш ние имаме феноменална идеја. Нема да ви бидат потребни многу состојки и што е најдобро, нема да ви падне тешко во период кога е навистина топло, а сепак сакате да го задоволите чувството на глад. Станува збор за вкусни пици од тортиљи, а во продолжение следува рецептот.
Потребни состојки за 3 тортиљи:
- 3 поголеми, крупни полупечени тортиљи
- 3 лажици сос од домати или кечап
- 250 грама изрендан кашкавал
- 150 грама исчистени, црни маслинки
- Неколку листови свеж босилек
- Сол и бибер
- Други состојки по желба
Начин на подготовка:
1. Намачкајте ја тортиљата со сосот од домати или кечапот. Внимавајте да не ставите премногу, за да не тече од страните, ниту пак премалку, за подоцна да не може да се почувствува неговиот вкус.
2. Додадете ги изренданиот кашкавал, исечканите маслинки и свежиот босилек. Повторуваме, секогаш можете да додадете некоја друга состојка по ваша желба или да отстраните некоја од наведените.
3. Замотајте го тортиљите и кратко запечете ги во тава без масло. Немојте да ги печете предолго за да не се исушат, туку доволно е само да се загреат, а кашкавалот да се стопи.
4. Исечете ги тортиљите попреку на парчиња. Парчињата не треба да бидат тенки, за да не се растурат. Секако, секогаш можете да се послужите со чепкалки за заби и на тој начин ќе бидете сигурни дека сè ќе остане на своето место.
Уште една интересна идеја е од парчињата да направите мали ражничи и на тој начин да ги послужите. Сигурни сме дека ќе уживате во нивниот вкус, но и изглед.