Идеално патување за секоја фаза од љубовната врска
Без разлика на досегашното искуство со љубовните врските, кога станува збор за патување со партнерот, тогаш можеме да потврдиме дека тоа е најдобриот начин да ја тестирате вашата љубов. Кога ќе бидете со некого подолго време и кога ќе го видите во некои неочекувани и необични ситуации во кои не се наоѓате често, дури тогаш можете потполно да се заљубите во него или да побегнете веднаш штом се вратите од патувањето. Па затоа, подгответе се за сладок ризик и откријте каде можете да патувате со вашиот партнер во зависност од фазата на љубовната врска во која се наоѓате моментално.
1. По неколкумесечна врска
Ако сте само неколку месеци заедно, вие сѐ уште не знаете како стојат работите и дали сте еден за друг или не. Затоа треба да испитате дали можете да поднесете 48-часовно константно гледање во него/неа, но и како тој/таа се однесува наутро, каква ја остава бањата зад себе и слично. Ова искуство може да биде преубаво, но може да биде и стресно, па затоа изберете нешто што е блиску и нешто што ќе ве опушти – бања, езеро, планина… Изберете заедно. Доволно е да поминете барем една ноќ заедно.
2. По формализирање на врската
Сега точно знаете на што сте. Заљубени сте како никогаш досега и сакате да одите со него/неа до крајот на светот. Доволно е заедно да посетите некој нов град каде што досега не сте биле. Спакувајте сендвичи, грицки, сок… Исто како да одите на екскурзија. Можете да го поминете заедно продолжениот викенд и да посетите некој од главните градови во Европа, или пак некој занимлив помал град во вашата земја.
3. По едногодишна врска
Сега е време за некое подолго и подалечно патување. Можете да испробате како на подолго време ќе се снајдете на некој странски јазик, како ќе се организирате околу превозот, сместувањето и храната, како ќе се однесувате кога неколку дена по ред ќе се будите еден покрај друг и ќе го поминувате целиот ден заедно. Овој вид патување можете да го споите со летувањето или зимувањето, но и не мора да чекате да помине цела година за да се одлучите на вакво нешто – ако имате слободно време, тргнете уште веднаш.
4. Откако ќе започнете да живеете заедно
А сега, кога знаете на што сте еден со друг, кога повеќе нема лаги и изневерувања, време е за нова авантура или предизвик! Постете место на кое не се зборува на англиски јазик и обидете се заедно да се снајдете во таа „лудница“ со сите тие јазични бариери. Верувајте ни, може да биде доста занимливо.
5. Откако ќе се верите
Организирањето венчавка е навистина прескапо, но потребен ви е одмор, зарем не? Затоа, отидете на патување во некои егзотични, луксузни дестинации, како што се Тајланд, Јамајка, Шри Ланка, Сејшели, Бали… Сега, па кој знае кога пак.
6. Кога ќе забремените
Сега ви е потребно повеќе од кога било порано да се опуштите и да уживате. Затоа, посетете некоја спа област, односно хотел кој нуди ваква услуга. И задолжително испробајте ги масажите.
7. Кога сте родители веќе неколку години и кога славите кој знае по кој пат годишнина од бракот
Потребно ви е патување подалеку од пелените, шишињата и неспаните ноќи поради бебешкото плачење. Пуста плажа, вие и тој/таа, шумот и мирисот на морето, зајдисонце… Рај! И ова патување не мора да биде луксузно и далеку, само изберете ја омилената дестинација на која можете да се осамите. И колку подолго сте заедно, патувањето мора да биде почудесно. Сте го заслужиле тоа после сите тие години и сето она што сте го поминале заедно.