Идеални фризури за девојките со густа коса
Кога ќе се земе предвид дека косата навистина ги краси жените и ги прави попривлечни, не е ни чудно што секоја од нас сака да има убава и здрава коса. Повеќето жени копнеат за коса со волумен и користат многу препарати со цел да го постигнат тој изглед. Од друга страна пак, на жените со густа коса може да им биде навистина тешко да ја пронајдат совршената фризура.
Најголемиот проблем со густата коса се деновите кога таа едноставно е „непослушна“. Овие денови не постои ништо што може да ја смири и собере вашата коса и фризурите траат најмногу половина час. За среќа, постојат фризури кои можат да ја издржат и густата коса и кои траат по цел ден.
Доколку имате долга, густа коса, страничните плетенки се одличен избор за фризура за дневно излегување. Доколку сакате формална фризура за на работа, исчешлајте ја косата така што секој прамен ќе остане на своето место. Доколку пак ви се допаѓа бохо стилот, можете да извлечите неколку прамени од плетенката за фризурата да изгледа малку неуредно.
Пунџата е исто така фризура која може да трае цел ден и на густа коса. Најубаво изгледаат пунџите со волумен кои лесно можете да ги направите со густа и долга коса. Можете да направите ниска или висока пунџа, неуредна или цврсто собрана. Без разлика што ќе одберете, вашата коса ќе изгледа беспрекорно.
За секоја фризура да изгледа добро, не заборавајте правилно да ја подготвите косата. Односно, добро исфенирајте ја и нанесете масло за коса за да ѝ дадете мекост и сјај.
Доколку имате тенка и ретка коса, овие фризури ќе ѝ додадат волумен и ќе направат да изгледа густо и бујно.