Идеална за во лето: Торта со боровинки и чоколадо
Денес ви споделуваме рецепт за торта со боровинки и чоколадо чиј освежителен крем ја прави вистински избор за ова лето. Освен тоа, боровинките се богати со антиоксиданси, витамин Ц и растителни влакна, се смета дека ја подобруваат меморијата и се важен извор на манган, кој помага во развојот на коските и метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите.
Потребни состојки:
За кора:
- 100 грама брашно
- 25 грама какао
- 25 грама шеќер во прав
- 100 грама путер
- 1 голема жолчка
За фил:
- 125 милилитри млеко
- 2 големи жолчки
- 2 лажици пченкарно брашно
- 3 лажици шеќер
- 175 грама слатка павлака
- 300 грама боровинки
За трет слој:
- 3 поголеми белки
- 125 грама шеќер
- 1 лажица пченкарно брашно
- какао во прав за посипување или боровинки за декорација
Начин на подготовка:
1. Во сад ставете брашно, какао, малку сол и шеќер во прав. Измешајте го путерот со раце, а потоа додадете ја жолчката и 2 лажички ладна вода и замесете тесто. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.
2. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови.
3. Расукајте го тестото на набрашнета површина. Калапот за торта со дијаметар од 20 см обложете го со хартија за печење. Печете го тестото околу 25 минути. Оставете да се излади.
4. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени целзиусови.
5. Во тенџере измешајте ги млекото, жолчките, брашното, шеќерот и слатката павлака. Сварете ја смесата и додадете половина од боровинките, изгмечете ги за кремот да добие виолетова боја. Додадете ги останатите боровинки и измешајте. Истурете го кремот врз изладената кора.
6. Во посебен сад изматете ги белките и постепено додавајте шеќер. Додадете го и пченкарното брашно.
7. Префрлете ги белките со лажица врз кремот и обликувајте ги по желба, конусните врвови ќе изгледаат импресивно. Печете 15-20 минути на 175 степени додека не се стегнат белките. Оставете го колачот да се излади на собна температура.
8. Украсете со боровинки или какао во прав и послужете. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за денес, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач со капини и боровинки.
Извор: punkufer.dnevnik.hr