Иако не изгледа така, овие чудни знаци покажуваат дека тој всушност е навистина заинтересиран за вас

Иако не изгледа така, овие чудни знаци покажуваат дека тој всушност е навистина заинтересиран за вас

Мажите често имаат проблем да ги изразат своите емоции, но тоа во што се навистина вешти е истите да ги покажат преку говорот на телото. Токму затоа и треба да обрнете на овие знаци кај него, особено ако имате чувство дека му се допаѓате, но тој не прави ништо за да ви го каже или покаже тоа.

1. Станува сериозен кога ќе застанете покрај него

Тој во друштвото е познат како духовит лик, што никогаш не молчи, но кога вие сте во негова близина, одеднаш станува мирен како бубаче. Ова е всушност еден од најочигледните знаци дека се грижи за вас и за вашето мислење, па не сака да ви остави лош впечаток на ниту еден начин.

2. Ги почитува вашите правила

Сте се договориле да се чуете за неколку дена и тој трпеливо чекал, па ви се јавил токму тогаш кога требало? Верувале или не, ова е еден од најдобрите знаци што можете да го побарате. Тој толку внимава на вас и на вашите потреби, што би направил сè за да бидете задоволни.

3. Знае многу да се фали

Ако тој ви делува како личност која се сака најмногу на целиот свет, тогаш верувајте ни, му се допаѓате повеќе одошто мислите. Иако ова е детинесто однесување, тоа е еден од најчестите знаци дека тој е заинтересиран. Со фалењето сака да исцрта позитивна слика во вашиот ум.

4. Избегнува телесен контакт

Звучи контрадикторно, да, но ако тој никогаш не ве допира, додека од пријателите едноставно не може да се одвои, тогаш без сомнение ја преминал фазата на пријателство меѓу вас. Избегнува телесен контакт само затоа што му предизвикува топли емоции што се плаши да ги искаже.

Погледнете ги и овие 6 знаци дека наскоро ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот (според законот за привлекување).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар