И сладоледот како појадок има свои предности!

И сладоледот како појадок има свои предности!

Сите истакнуваат дека многу е важно да не го прескокнувате појадокот. Со вистинскиот избор на храна, тој ќе ви ја даде потребната енергија за извршување на сите обврски кои ве чекаат во текот на денот. А како ви звучи сладолед за појадок?

И сладоледот како појадок има свои предности!

Иако веројатно никогаш не сте размислувале за ова, јапонските научници откриле како еден од омилените прехранбени производи ја подобрува будноста и менталните перформанси кај луѓето. Тие ги приложуваат и своите докази од ова тврдење. Испитаниците морале да јадат сладолед веднаш по будењето, а потоа да го вежбаат својот мозок на компјутерска програма. Се покажало дека кај оние кои консумирале сладолед, била забележана позабрзана реакција. Така, била забележана и поголема будност, која немала преголема поврзаност со студенилото на сладоледот. Имено, експериментот бил повторен и со ладна вода, но „чувството на будност“ по нејзиното пиење било помало отколку кога испитаниците го започнувале денот со сладолед.

Се разбира, тука постои и друга страна на приказната која ја истакнуваат нутриционистите, кои во никој случај не советуваат да го замените квалитетниот појадок со десерт. Но, понекогаш е добро да се направи исклучок, зар не?

Збогатете го вашиот оброк и погледнете ги и овие оригинални предлози за здрав и лесен појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар