И машките се несигурни: Зошто одбегнува да има секс со вас?

И машките се несигурни: Зошто одбегнува да има секс со вас?

Мажите се повеќе несигурни во сексот отколку што мислите. И нив ги мачат многу мисли, па не треба да се изненадите ако смислуваат изговори за да немаат секс со вас.

i-mashkite-se-nesigurni-zoshto-odbegnuva-da-ima-seks-so-vas-kafepauza.mk

Компанијата која произведува Вијагра, уште во 2000-та година во анкета открила дека 59% од Италијанците се несигурни кога се во прашање нивните сексуални перформанси, а 43% признале дека имаат потешкотии во сексот. Овој факт ги преплавил магазините ширум светот затоа што Италијанците се познати по тоа дека се самоуверени и неуморни љубовници.

Една сексуална терапевтка од Англија, 15 години подоцна направила свое истражување и дошла до слични резултати.

1. Колку повеќе сака сексот да биде добар, толку повеќе го избегнува

Можеби се грижи дали пенисот му е доволно голем, а за време на сексот нема да може да му остане покриен. Затоа е несигурен, па одбегнува контакт. Можеби е загрижен бидејќи не е сигурен дали „алатот “ ќе му работи кога ќе му биде најпотребен, или пак ако биде премногу добро, може да го достигне врвот многу брзо.

2. Дискретно се надева дека вие ќе го преземете водството

Тоа нема да ви го признае, но тој сигурно се надева дека вие ќе преземете контрола. Од друга страна, општеството му наметнало дека мора да биде водач, а тоа не му одговара баш.

3. Понекогаш многу би сакал да ви каже „не“

Сигурно му се има случено да сака само да се галите, да гледате филм или да игра видео игра, но не му е пријатно тоа да ви го каже. Од мажите се очекува секогаш и секаде да бидат спремни на секс, без разлика на сè. Колку порано му дадете до знаење дека знаете дека и тој е човечко суштество, а не секс машина, толку порано ќе се опушти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар