Хроничната негативност е отров за телото, душата и умот
Жалењето се толерира сè додека има некаква логика зад него. Истото важи и за трагедиите. Многу луѓе околу нас постојано се жалат и им ги раскажуваат своите трагични животни приказни на другите. Животот не е секогаш фер и понекогаш луѓето немаат многу среќа. Но, премногу негативност не е добро ниту за физичкото, ниту за менталното здравје.
Што е премногу негативност?
Кога ќе се случи некаква трагична несреќа, тоа секако е негативно. Но, негативноста станува хронична кога една личност секогаш ги гледа само лошите страни на секоја животна ситуација. Луѓето умираат, луѓето раскинуваат и продолжуваат понатаму, луѓето се водени од 7-те смртни гревови… Но, ние не можеме да контролираме ништо освен нашето однесување и нашите мисли. Ако постојано се жалите за нешто, тоа не ви е од помош. Ако постојано ја гледате негативноста во секоја ситуација, но и кај другите, можете да се изгубите. Ова песимистичко однесување навистина е штетно, а многу често влијае и на вашето здравје. Погледнете што всушност ви прави негативноста.
1. Влијае на вашиот имунитет
Замислете си дека одите на работа. Сте подготвиле некаква презентација и за неа ви е потребен совршениот костим. Но, не можете да го пронајдете и станувате гневни. Наместо да облечете нешто друго, вие го трошите вашето време жалејќи се за костимот кој не можете да го најдете, и веројатно ќе кажете и нешто непријатно. Ова го зголемува нивото на стрес. Вашиот крвен притисок се зголемува. Според истражувањата, само 5 минути гнев имаат лошо влијание на имунитетот. Ова е вистински шок за вашето здравје, а може да резултира и со намалена продуктивност.
2. Се појавуваат разни здравствени проблеми
Работите на некој проект чиј краен рок се наближува. Наместо да работите, вие почнувате да се плашите од резултатот. Можеби ќе наидете на некои проблеми во текот на работењето. Овие проблеми ќе ве натераат да мислите дека нема да стигнете на време и грижите само се зголемуваат. Многу често овие ситуации предизвикуваат главоболка. Негативните емоции како гнев, анксиозност и слично предизвикуваат благи здравствени проблеми, но понекогаш и срцев удар. Ако подолго сте изложени на стрес, здравјето на вашето срце се влошува. Според докторите, срцевите удари многу често се предизвикани од стрес, а негативноста е онаа која го храни стресот.
3. Ќе станете цинични
Кога постојано го барате негативното кај сите, вие ќе престанете да им верувате на другите и ќе станете цинични. Овие луѓе пак се на поголем ризик од деменција за разлика од луѓето кои им веруваат на другите. Хроничната негативност може да направи вистински хаос во вашиот мозок и да предизвика непотребни компликации во животот.
Ако ја храните негативноста, таа ќе допре до секој дел од вашиот живот. Психолозите истражувале многу за оваа појава. Според резултатите кои ги добиле, заклучиле дека кога луѓето комуницираат едни со други, тие се под влијание од заемните навики како движењето на телото, гестикулациите и изразите на лицето. Уште поважно, тие се под влијание и на своите мисли. Замислете дека сте во група од пет луѓе. Тројца од нив се песимисти. Ги сретнувате секој ден и ги слушате само негативните делови од нивниот ден. Полека почнувате да верувате во оваа негативност и да ја применувате. Ова пак почнува да предизвикува проблеми во вашиот живот.
Негативноста нема никогаш да ви биде од корист. Таа само ќе ве вознемири и ќе ви донесе уште повеќе негативност. Грижењето за сè нема да го смени резултатот на ништо. Треба да бидете силни и да ги прифатите работите онакви какви што се. Верувајте во себе, и ако почнете да размислувате негативно, веднаш сменете ги мислите. Секогаш обидувајте се да ја гледате позитивната страна.
Овие верувања ќе ви помогнат да го ослободите вашиот ум од негативните мисли.