Хроничната болка може да предизвика долготрајна штета на вашиот мозок

Хроничната болка може да предизвика долготрајна штета на вашиот мозок

Хроничната болка може да го оштети и да го промени вашиот мозок. Доколку живеете со таков вид болка, сигурно знаете колку таа влијае на вашите брзина за размислување, расположение и меморија. Истражувањата направени на луѓето и глувците откриле дека хроничната болка има големи ефекти на мозокот и дека тие промени може да траат дури и кога болката не е присутна. Од оваа перспектива, може да се каже дека хроничната болка е честа причина за оштетување на мозокот, која во голема мера може да го зголеми ризикот за анксиозност, депресија и нарушена когнитивна функција кај оние кои страдаат од неа.

Хроничната болка може да предизвика долготрајна штета на вашиот мозок

Како точно болката го променува мозокот?

Истражувачите испитувале како функционира мозокот кај луѓето и глувците живеејќи со хронична болка. Најпрво, тие ги испитувале разликите во менталните функции кај луѓето кои живеат со и без хронична болка. Со скенирање на мозокот, истражувачите откриле дека оние со долготрајна болка, како што е болката во грбот (дефинирана како болка која трае последователно шест месеци) покажале собирање во хипокампусот. Ова е значајно бидејќи хипокампусот е област на сива материја во мозокот која е одговорна за учење и меморија.

Болката предизвикува стареење на мозокот

Истражувачите велат дека хроничната болка може да предизвика сивата материја во мозокот да се намали до 11% секоја година, споредбено со 0,5% која била забележана кај здравите луѓе. Со други зборови, долготрајната болка во голема мера го забрзува процесот на вообичаеното стареење. Ова за возврат има значително влијание врз голем број ментални функции, како што е способноста за учење, справување со анксиозноста и своите емоции. Така, зголемен е ризикот за емоционални проблеми. Заедно со хипокампусот, овде значајна е и амигдалата која е важна за регулирање на стравот, па оние личности со намален обем на амигдала се повеќе склони кон анксиозност.

Хроничната болка може да предизвика долготрајна штета на вашиот мозок

Истражувачите исто така ги испитувале ефектите од болката на мозочните структури и процеси, користејќи животни. Тие откриле дека во споредба со глувците, животните кои живеат со хронична болка имале проблеми со задачите поврзани со меморијата. Тие биле многу повознемирени, во споредба со глувците. Мозокот кај глувците кои страдале се борел за создавање нови невронски врски во хипокампусот. Вообичаено, луѓето и глодарите може да формираат нови врски во оваа област на мозокот, што објаснува зошто ние постојано продолжуваме да учиме нови знаења и вештини во текот на нашиот живот. Меѓутоа, кога хипокампусот повеќе не ќе може да ги прави овие врски, како што е во случајот со хроничната болка, тогаш страдаат менталните процеси.

Како што продолжува болката, штетата може да се влоши

Зошто поточно хроничната болка резултира со намалување на сивата маса? Можеби затоа што кога таа е присутна, нервните клетки во мозокот имаат голем товар. Ова значи дека тие се помалку способни да формираат нови врски со останатите клетки. Како што продолжува хроничната болка, таа штета може да се зголеми.

Природни начини за справување со хроничната болка

Со оглед на тоа дека хроничната болка може да предизвика сериозни оштетувања на мозокот, потребно е да преземете контрола што е можно побрзо. Во комбинација со медицината, постојат бројни начини на кои можете да ја намалите болката и на природен начин, а тоа вклучува акупунктура, масажа, хипноза, бихевиористичка терапија, јога, како и природни лекови. Сепак, настојувајте секогаш да се консултирате со вашиот лекар пред да се обидете со каков било вид лекување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар