Хранете се здраво и вкусно: 7 летни рецепти за смудиња

Хранете се здраво и вкусно: 7 летни рецепти за смудиња

Кога ќе помислиме на здрав живот и здрава храна, секогаш, барем за момент, помислуваме на смуди. Не е возможно да не сакате смуди! Овој пијалак убаво изгледа, додека истовремено е и многу вкусен бидејќи во неговиот состав постојано се наоѓа по некоја банана за освежување. Освен тоа, смудито е одличен начин да го воведете во вашата исхрана сето она што можеби инаку не го јадете, а станува збор за помалку омилените видови на овошја и зеленчуци. Па, доколку сте спремни за смуди предизвик, тогаш ви нудиме 7 рецепти за вкусни пијалаци кои можат да заменат еден оброк во денот и на тој начин да бидете еден чекор поблиску до здравиот живот и витката линија. За подготовка на секое од овие рецепти, потребно е само да ги ставите сите состојки во блендер и добро да измешате. Пријатен апетит!

Хранете се здраво и вкусно: 7 летни рецепти за смудиња

1. Смуди од моркови

  • 2 средни моркови, излупени и исечкани
  • Половина смрзната банана
  • 460 грама спанаќ
  • 230 милилитри незасладено млеко од соја
  • 20 грама суво грозје
  • 1/2 лажичка цимет
  • Прстофат мелени ореви
  • Прстофат мелено каранфилче
  • 3 коцки мраз

2-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

2. Смуди од кељ и ананаса

  • 460 грама кељ
  • 230 грама замрзнати боровинки
  • 115 грама замрзнат ананас
  • 100 грама грчки јогурт или јогурт од соја
  • 1/4 авокадо
  • 230 милилитри вода

3-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

3. Смуди од брокула и јагода

  • 1 смрзната банана
  • 6 јагоди
  • 4 свежи цветови од брокула
  • 200 грама грчки јогурт или јогурт од соја
  • 1/2 лажичка путер од кикирики
  • 350 грама ладна вода
  • 3 коцки мраз

4-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

4. Смуди од компир

  • 1 варен и излупен компир
  • 1/2 смрзната банана
  • 375 милилитри незасладено бадемово млеко
  • 7 ореви
  • 100 грама тофу сирење
  • 1/8 лажичка цимет
  • 3 коцки мраз

5-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

5. Смуди од краставица и лубеница

  • 175 грама исечкана лубеница
  • 90 грама јагоди
  • 1 краставица
  • 2 лажички индиско оревче
  • 300 милилитри ладна вода
  • 4 коцки мраз

6-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

6. Смуди од спанаќ и јагоди

  • 350 грама спанаќ
  • 1 смрзната банана
  • 90 грама јагоди
  • 20 грама тофу сирење
  • 1/2 лажичка путер од кикирики
  • 250 милилитри незасладено млеко од соја
  • 300 милилитри ладна вода
  • 3 коцки мраз

7-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_

7. Смуди од киви

  • 350 грама кељ или спанаќ
  • 175 грама смрзнати боровинки
  • 1 излупено киви
  • 20 грама ореви
  • 1 лажичка лен
  • 250 милилитри ладна вода
  • 3 коцки мраз

8-hranete-se-zdravo-i-vkusno-7-letni-smudi-recepti-za-sekoj-den-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар