Храната ги зближува луѓето ширум светот: Запознајте ги најпознатите кујни во светот - Part 2

Храната ги зближува луѓето ширум светот: Запознајте ги најпознатите кујни во светот

Шпанија

Храната ги зближува луѓето ширум светот: Запознајте ги најпознатите кујни во светот

Единствена шпанска гастронимја е мешавина од регионални специјалитети, специфични состојки и кулинарското наследство. Од многуте рецепти во Шпанија, неколку рецепти се омилени низ целата земја. Лукот е еден од најпопуларните зачини и Шпанците го ставаат скоро во секое јадење. Маслинките се, исто така, составен дел од кујната, како и маслиновото масло (Шпанија е еден од најголемите производители на маслиново масло во светот) или маринираните, кои може да бидат аперитив или дел од главниот оброк. Свинското месо е омилено и освен во готвењето, се користи и во производството на сувомеснати производи од кои најпознат е зачинетиот колбас „чоризо“. На менито, исто така, може да се најде и јагнешко или диво месо. Супите и гулашот од зајаци и еребици се популарни во руралните делови на земјата. Шунката, е, исто така, ценета во шпанската кујна и има многу варијанти во нејзиното производство.

Рибата и морската храна се редовно на менито. Јастозите, школките и сардините се дел од многу специјалитети, а најпознат специјалитет е „паеја“. Рецептот за ова јадење кое претставува симбол на шпанската кујна, варира од регион до регион. Омилена риба е „грдобината“. „Гаспачо“ е вид на супа позната по тоа што се служи ладна а се подготвува од домати, маслиново масло, лук, краставица и кубети. Шпанија е позната и по сирењето, меѓу кои најпознати се сирењето „мантего“ и мекото кремасто сирење од Галиција.

Одличен начин да се запознаете со шпанската кујна е да пробате повеќе различни вкусови и да посетите „Тапас бар“. Тапас е всушност општото име за малите порции со повеќе разни јадења (мезиња). Вклучува сè, од едноставни закуски до гастро-авангардни јадења во наједноставна варијанта. Може да биде сад со маслинки или пржени лигњи, „тортиља“ (омлет од кромид и компир), солени зелени пиперки со маслиново масло подготвени на скара и многу други интересни вкусови.

Индија

Храната ги зближува луѓето ширум светот: Запознајте ги најпознатите кујни во светот

Рано утро. Сонцето сјае на црвените покриви на старите згради и бујната вегетација. Жените во сари со светли бои го редат овошјето и зеленчукот кое го продаваат во корпи покрај патот. Во далечината, се слушаат момчињата кои на велосипеди носат свежи колачи од предградието.  Далеку од туристичките одморалишта на брегот, Панај им нуди на посетителите можност за автентично кулинарско искуство. Овде можете да пробате не само локални специјалитети, туку ќе ја запознаете и гастрономијата на цела Индија.

Од штандови со свежо подготвена улична храна, до луксузни климатизирани ресторани, во Панај има широк спектар на јадења за избор. Можете да пробате сè, од традиционалните јадења на Гоа, до вашите омилени специјалитети од другите делови на Индија. Популарни локални јадења се богато зачинетата чорба од месо, пилешкото зготвено во кокосово млеко и зачини и рибата полнета со ароматичен црвен сос.

Вегетеријанците имаат голем избор на јадења во „удипи“ рестораните. За да уживате во гастрономијата, не мора да трошите многу пари, најдобрата храна може да се најде во мали автентични семејни ресторани.

„Тали“ е лесно достапен индиски ручек и е една од најисплатливите опции за оброк. На послужавник од не’рѓосувачки челик се наоѓаат неколку помали чинии. Најчесто има парче пржена риба, зеленчук, леб, ориз, слатко-кисело-лут сос од конзервирано овошје и леќа. „Тали“ ви овозможува да пробате многу индиски јадења по одлична цена. Најпопуларно јадење во Гоа, кое се јаде и двапати на ден, е риба со кари и ориз.

Можеби сакате да прочитате и кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар