Храна со која ќе ја победите попладневната мрзеливост на работа

Храна со која ќе ја победите попладневната мрзеливост на работа

Дали ви се случува додека сте на работа, околу 2 часот попладне, да почувствувате некоја мрзеливост и замор кои не ви даваат да мрднете, ниту да работите? Во тие моменти веројатно прво на што ви текнува е малку да дремнете на вашата работна маса, но бидејќи сте на работа и тоа не е прописно, одите и земате големо кафе и колачиња. И покрај тоа, по неколку минути чувствувате дека енергијата ви е сосема исцрпена, затоа што во тој период од денот кафето и шеќерот не се наши најдобри пријатели. Постои одредена храна којашто се препорачува да се консумира во попладневните часови, со цел побрзо и поефикасно да го завршиме работниот ден.

(1) Храна со која ќе ја победите попладневната мрзеливост на работа

Нутриционистката Ким Мекдевит препорачува неколку ужинки кои е најдобро да се земаат кога ќе почувствувате недостиг на енергија и потреба за сон и дава неколку совети како правилно да ја искомбинирате храната.

1. Овошје во комбинација со протеини

Мекдевит препорачува овошје, како што се јаболкото или бананите, во комбинација со малку протеини, на пример јаткасти плодови или путер од кикирики. Овошјето е можеби најдобар избор за брзо враќање на енергијата. Тоа содржи здрави шеќери, а чувството на глад веднаш се губи. Доколку искомбинирате овошје со протеини, варењето на храната се одвива малку позабавено, поради што подолго време ќе се чувствувате сити. Добро би било, доколку имате можност, близу вашата канцелариска маса во секое време да имате малку овошје и извор на протеини. Исто така, тие се едноставни да си ги носите со ваш во вашата чанта. Меѓу здравите грицки полни со протеини се вбројуваат и кокосот и сировите бадеми и лешници.

2. Читајте ги етикетите на спакуваните здрави ужинки

Денес, по маркетите и продавниците за здрава храна, може да се најде голем избор на плочки од житарици кои се продаваат во секакви варијанти. Доколку ги консумирате како ужина, тогаш би било добро да ги читате етикетите на кои ги пишува нутритивните вредности на производот. Секогаш внимавајте на состојките, калориите и шеќерите што се содржани во тие мали задоволства. Потрудете се да најдете плочки од житарици кои содржат помалку од 12 грама шеќер, затоа што, како што посочува Мекдевит, сè што содржи повеќе од 15 грама шеќер веројатно припаѓа во групата на слатки, а не на здрави продукти. Спакуваната здрава храна не треба да содржи повеќе од 200 калории. Исто така, при изборот земете го предвид и времето кога сте имале појадок или ручек и во зависност од тоа изберете ја количината на вашата ужина.

(2) Храна со која ќе ја победите попладневната мрзеливост на работа

3. Слушајте си го телото и јадете почесто

Доколку сакате да ја надминете попладневната мрзеливост, најдобро би било да пиете доволно течности и да јадете почесто, но помалку. Според Мекдевит најдобро е да земате храна на секои три часа. Но, земајќи го предвид фактот дека најверојатно сте на работа и не можете на секои два-три часа да земате пауза, избирајте храна којашто можете да ја изедете на вашето работно место. Како што споменавме и погоре, најдобро би било тоа да биде овошје и грицки полни со протеини. Исто така, овие меѓуоброци не треба да ги сметате како замена за вашиот ручек или вечера. Тие се тука само да ви ја одржат енергијата на потребното ниво за работа. Едноставно слушајте си го телото, тоа точно ќе ви каже кога и колку храна му е потребно за да биде во задоволителната форма.

4. Бидете креативни со изворите на протеини

Можеби никогаш порано не ви текнало, но Мекдевит предлага понекогаш да го збогатите вашето кафе со протеини. Во продавниците за здрава храна можеби ќе најдете мали пакувања со протеини кои би ги измешале во вашето кафе и на тој начин, освен омилениот пијалак, ќе внесете и здрава свежина. Исто така, покрај шолјата секогаш имајте јаткасти плодови, чијшто вкус совршено одговара со вкусот на кафето. Освен кафето, со протеини можете да ја збогатите и здравата салата, врз која ќе наросите сомелени здрави грицки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар