Храна што ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот

Храна што ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот

Ненадејните промени во временските услови се погодни за понатамошен развој на вирусот, па затоа е исклучително важно да го зајакнете вашиот имунитет навреме за да станете поотпорни на вируси и на бактерии, како и дополнително да го зајакнете вашиот имунолошки систем за остатокот од годината.

Храна што ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот

Во тоа може да ви помогнат намирниците што се богати со витамини и минерали кои имаат корисен ефект врз имунолошкиот систем, а во продолжение прочитајте кои се трите најдобри намирници за зајакнување на имунитетот.

1. Мед

Природниот мед е полн со антиоксиданти, ензими и минерали, како и со цинк, железо, калиум, калциум, магнезиум и селен.

Медот содржи витамин Б6 и тиамин и помага да се елиминираат слободните радикали од организмот, со што се подобрува нашиот имунитет.

Во комбинација со куркума и ѓумбир, медот е исклучително моќен природен антибиотик.

2. Куркума

Куркумата е богата со растителни влакна, со минерали и со витамини и има корисни ефекти врз состојбата на нашето тело.

Таа е богат извор на фитонутриенти кои го чуваат нашето тело од воспалителните процеси што се резултат на пад на имунитетот.

3. Алое вера

Покрај моќниот регенеративен ефект врз кожата, ова растение има извонреден ефект врз рамнотежата на нашето тело бидејќи е богато е со витамини Ц и Е и ја спречува дехидратацијата.

Освен како гел за нега на кожата, можете да консумирате алое вера и како сок.

Погледнете кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар