Храна која проверено ве „фрла“ во лошо расположение
Ако и самите понекогаш се „борите“ со лошото расположение тогаш знаете дека одредена храна автоматски знае да ве онерасположи. На пример, се знае дека чоколадото е чиста среќа, меѓутоа за некои други производи ова не може да се каже, дури и доколку ги сакате. Еве која храна проверено ве „фрла“ во лошо расположение, барем како што вели науката. Однапред се извинуваме доколку ве разочараме со некои производи од листата.
1. Диетални пијалаци
Диеталните пијалаци содржат вештачки засладувачи со аминокиселината фенилаланин која проверено го намалува лачењето на серотонинот, односно хормонот на среќата. Затоа, кога ќе посакате нешто да ве „подигне“ подобро е да внесете кофеин и тоа во вид на кафе или леден чај.
2. Житарки
Пред да се побуните, знајте дека не се сите житарки лоши. Би требало да ги избегнувате муслите и баровите што содржат многу шеќер (8 грама шеќер или помалку е дозволено), бидејќи тие автоматски ќе ве наполнат со шеќер, правејќи ве поенергични, но потоа енергијата нагло опаѓа, а тоа предизвикува и нагли промени во расположението.
3. Слатки
Штетноста на шеќерот веќе ја спомнавме, па затоа нема потреба да повторуваме. Сепак, вештачките и пакувани слатки се оние кои нема да ви пријаат, но она што е домашно и проверено, може да биде добро за вас.
4. Брза храна
Брзата храна е многу мрсна. Освен тоа, маснотијата во оваа храна често се таложи и насобира, па ги нарушува природните омега 3 масти во нашиот организам. Исто така, токму оваа состојка од нашата омилена брза храна се поврзува со депресија и песимизам.
5. Маргарин
Занимлив факт, дури ниту бубачките не сакаат да јадат маргарин. Маргаринот е чиста транс маст, баш како и случајот со брзата храна, па таа едноставно не му носи ништо добро на нашиот организам.
6. Солени грицки
Пред да посегнете по кесичката омилен чипс или кикиритки, погледнете ги состојките. Многу солени грицки содржат моносодиум глутамат или засилувачи на арома кои може да предизвикаат главоболка и чувство на слабост и замор.
7. Конзервирана храна
Храната во конзерва, исто така, е полна со моносодиум глутамат што значи дека предизвикува лошо расположение исто како и вашите омилени солени грицки. Избегнувајте ја колку што е можно повеќе.
Кога сме кај храната и расположението, ви предлагаме да погледнете кои производи ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението.