Храна која предизвикува живописни соништа
Верувале или не, постои храна која не само што ви помага полесно да заспиете, туку има и значително влијание на вашите соништа во текот на ноќта. Иако нема многу научни истражувања кои го потврдуваат ефектот на храната врз соништата, сепак многу луѓе споделуваат искуства за тоа која храна влијае на нивниот сон.
Па ако ве интересира кои прехранбени производи ќе ја разбудат креативноста во вашите соништа, можете и самите да си направите истражување. Следниве прехранбени производи се познати по тоа што имаат најголемо влијание врз интензитетот на соништата.
1. Цреши
Црешите се извор на мелатонин, хормон за спиење кој се произведува во нашиот мозок. Мелатонинот го одржува нивото на серотонин во телото, а серотонинот пак помага во одржување на свесноста во РЕМ фазата. Ова не само што ќе направи да имате навистина живописни соништа, туку голема е веројатноста и да ги запомните.
2. Јатки
Триптофанот кој се наоѓа во јатките се претвора во ниацин. Ниацинот пак е клучна состојка во создавањето серотонин и во регулацијата на мелатонинот. Храната како бадеми и кикирики е богата со магнезиум кој ги опушта мускулите, а тоа е одлично за пред спиење.
3. Сирење
Триптофанот кој се наоѓа во сирењето создава серотонин кога ќе се спои со јаглехидратите. Според едно истражување од 2005 година, сирењето може да биде одговорно за лоши и навистина чудни соништа. Според истражувањата, колку постаро било сирењето толку почудни биле соништата.
4. Банани
Бананите содржат триптофан, магнезиум и калиум, а сите тие помагаат при релаксирањето и производството на серотонин. Всушност, бананите се препорачуваат како храна која ќе ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Кога сте опуштени пред спиење поголема е веројатноста да имате подобри соништа кои нема да ве исплашат.
5. Лута и зачинета храна
Лутата храна може да предизвика навистина чудни соништа. Па, ако сакате да сонувате хорор филм изедете нешто луто пред спиење. Наводно и зачините како морското оревче може да бидат толку моќни што мозокот ги препознава како психоактивни супстанци.
6. Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се уште една храна која е богата со мелатонин и витамин Б6. Доволно се само неколку семки пред спиење за да имате навистина неверојатни соништа.
Погледнете и уште неколку работи кои може да предизвикуваат чудни соништа.