Храна која (не) смеете да ја консумирате на празен желудник

Храна која (не) смеете да ја консумирате на празен желудник

Кога желудникот ни е празен, односно кога сме гладни, често знаеме да посегнеме по одредена храна. Но, не секогаш го правиме најдобриот избор, бидејќи одредени намирници не треба да се консумираат на празен желудник. Дознајте што не треба да јадете, а што е пак добро да јадете кога вашиот желудник е празен.

1-hrana-koja-nesmeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zheludnik-www.kafepauza.mk_

10 намирници кои НЕ ТРЕБА да ги консумирате на празен желудник

1. Лиснати печива

Намирниците кои содржат квасец ја иритираат слузницата на желудникот и може да предизвикаат надуеност.

2. Слатки

Шеќерот го зголемува нивото на инсулин, што пак значително го зголемува притисокот на панкреасот кој само што се „разбудил“. Навиката за консумирање слатки на празен желудник може да доведе до развој на дијабетес.

3. Јогурт и други ферментирани млечни производи

Ако консумираме јогурт на празен желудник, хлороводородната киселина што се создава во желудникот, ја убива бактеријата на млечната киселина. Консумирањето јогурт и други ферментирани намирници за појадок нема да му направат големо добро на вашето тело.

4. Круши

Природните влакна во крушите може да ѝ наштетат на чувствителната мембрана на празниот желудник.

2-hrana-koja-nesmeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zheludnik-www.kafepauza.mk_

5. Домати

Доматите содржат голема количина на танинска киселина која ја зголемува киселоста во желудникот. Тоа може да резултира со чир на желудникот.

6. Свежа краставица и друг зелен зеленчук

Сировиот зеленчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа, тој може да предизвика киселини, надуеност и абдоминална болка, особено кога се консумира на празен желудник.

7. Банани

Доколку јадете банани на празен желудник, количината на магнезиум во крвта значително ќе ви се зголеми, што може да биде штетно за вашето срце.

8. Лути зачини

Зачинетата храна може да ја оштети и надразни желудочната слузница, односно да го зголеми произведството на киселина во желудникот. Тоа пак, може да придонесе за развој на некои вообичаени нарушувања во работата на дигестивниот систем.

3-hrana-koja-nesmeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zheludnik-www.kafepauza.mk_

9. Студени газирани пијалаци

Доколку наутро консумирате студени газирани пијалаци, тоа може да ја оштети слузницата и да го намали протокот на крв во желудникот. Последицата е тоа што храната ќе се вари многу побавно.

10. Цитруси

Цитрусните овошја се преполни со овошни киселини, и доколку ги консумирате на празен желудник може да предизвикаат болни киселини, односно да го зголемат ризикот од гастритис и чир на желудникот.

10 намирници кои ТРЕБА да ги консумирате на празен желудник

1. Овесна каша

Овесната каша создава заштитна обвивка на желудникот, која спречува хлороводородната киселина да им наштети на неговите ѕидови. Исто така, содржи растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот.

2. Хељда

Хељдата нежно го стимулира дигестивниот систем и таа е одличен извор на белковини, железо и витамини.

4-hrana-koja-nesmeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zheludnik-www.kafepauza.mk_

3. Палента

Палентата помага во отстранување на токсините и тешките метали од организмот, ја нормализира цревната микрофлора и долго време ќе ве држи сити.

4. Пченични никулци

Две лажици пченични никулци содржат околу 15% од препорачаната дневна количина на витамин Е, односно 10% од препорачаната количина на фолна киселина. Исто така, помага за правилна работа на дигестивниот систем.

5. Јајца

Научно е докажано дека јајцата за појадок може значително да го намалат дневното внесување на калории.

6. Лубеница

Лубеницата на празен желудник ќе ве снабди со добра количина на течност. Понатаму, таа е добра и за здравјето на очите и срцето, бидејќи содржи голема количина на ликопен.

5-hrana-koja-nesmeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zheludnik-www.kafepauza.mk_

7. Боровинки

Истражувањата покажале дека редовното консумирање боровинки го подобрува помнењето, го регулира крвниот притисок и го забрзува метаболизмот, особено доколку ги јадете за појадок.

8. Леб од цели зрна без квасец

Јаглехидратите и другите корисни хранливи состојки кои се наоѓаат во лебот се неопходни за нашето тело. Најдобро време за да ги консумирате е рано наутро.

9. Јаткасто овошје

Доколку го јадете за појадок, јаткастото овошје ќе ви го подобри дигестивниот систем и ќе ви ја нормализира pH вредноста во желудникот.

10. Мед

Медот наутро помага во будењето на телото, односно нѐ снабдува со сила и енергија. Медот, исто така, ја поттикнува активноста на мозокот и го зголемува нивото на хормонот за среќа.

Бидејќи појадокот е најважниот оброк во денот, погледнете ги и овие идеи за брз и здрав појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар