Храна која ќе ве направи среќни
Се чувствувате необјасниво нерасположено, несреќно и депресивно? Погледнете го овој список на храна кој ќе ви помогне повторно да се почувствувате среќно и расположено…
Печурки: Кој би рекол дека печурките би можеле да бидат извор на скриена сончева светлина? Оваа вкусна храна е исполнета со витаминот Д кој се смета за витална состојка при подобрување на менталната и физичката добросостојба.
Темно чоколадо: Чоколадо = среќа. Зарем треба да се напише нешто повеќе? 🙂 Научниците откриле дека темното чоколадо има ист ефект врз вашето тело како и да земате медикаменти за подобрување на расположението.
Авокадо: Ова овошје е преполно со моносатурирани маснотии кои помагаат при намалување на крвниот притисок и им овозможува на рецепторите во мозокот да ја одржат сензитивноста на серотонинот, кој е одговорен за подобрување на расположението. Доволно е само половина авокадо на ден за значително подобрување на вашата општа среќа.
Портокали: Овие среќни овошки се богати со витамин Б6 и фолна киселина за кои е докажано дека недостасуваат кај оние кои страдаат од депресија. И како бонус, силната миризба и свежиот вкус ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Лосос: Оваа риба е преполна со омега-3 која помага при заштита од наглите промени на расположението. Таа исто така ќе ви помогне и при подобрување на меморијата и фокусот. Доколку не сте љубители на риба, пробајте ореви кои исто така изобилуваат со омега-3.
Спанаќ: Следете го советот на Попај и додадете спанаќ во вашата редовна исхрана. Тој изобилува со фолна киселина и витамин Б кои инстантно го подобруваат вашето расположение. Исто така спанаќот е богат и со антиоксиданси кои ги заштитуваат вашите мозочни клетки, а со тоа ја зголемуваат вашата енергија.
Шафран: Шафранот потекнува од Грција и е многу популарен во Блискиот Исток, Шпанската и Индиската кујна. Во традиционалната персиска медицина бил употребуван како лек против депресија бидејќи делува смирувачки на нервите.
Леблебии: Тие се преполни со протеини, па токму затоа се одлична алтернатива на месото. Леблебиите исто така се и извор на витамин Б6, еден од Б витамините кој е клучен за когнитивниот развој. Тие исто така влијаат и врз нивото на мелатонин, кој го регулира вашиот внатрешен часовник.
Семки од тиква: Овие семки изобилуваат со триптофан (аминокиселина која помага во создавањето на серотонинот), железо и магнезиум. Тие се препорачува да се јадат неколку часа пред легнување доколку сакате мирно да спиете.
Малини, јагоди и боровинки: Тие содржат антоцијанидини и антоцијанини кои се клучни состојки за намалување на стресот и депресијата. Овие овошки исто така содржат моќни антиоксиданси и се преполни со витамин Ц, кој е одговорен за здравјето на колагенот кој придонесува за сјајноста на вашата кожа и коса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
smaerdymniemteem…if you know what I mean