Храна која го убива сексуалниот нагон
Кога веќе знаете која храна го зголемува сексуалниот нагон, треба да се информирате и која е онаа која го убива истиот. Ако за вечера планирате салата со авокадо и морски плодови, еве што не смее да биде дел од љубовното мени:
.
Соја и нане
Го намалуваат тестостеронот.
.
Тоник-вода
Основната состојка на тоник-водата е кининот, кој влијае на намалувањето на тестостеронот. Затоа, џин-тоник не е многу пожелен.
.
Грахам крекери и корнфлекс
Многу растителни влакна предизвикуваат надуеност и гасови, две состојби непожелни во моменти кога сакате да имате секс.
.
Многу шеќери и маснотии
Општо е познато дека големо конзумирање на маснотии и шеќер доведува до затнување на протокот на крв.
.
Многу алкохол
Ова сигурно не сакате да го чуете, ама вистина е. Премногу алкохол го успорува организмот и виталните функции.