Храна која го смирува надразнетиот желудник
Не секоја храна одговара на секој човек. Кај некои луѓе одредена храна може да предизвика грчеви во желудникот, додека пак кај други да не пројави никаква реакција. Но, постојат неколку проблеми со варењето кои можат да се решат на многу начини, меѓу другото и со помош на следнава исхрана…
Нане
Чајот од нане може многу да ви помогне со грчевите и гасовите. Тоа исто така и ги опушта оние области кои се наоѓаат помеѓу хранопроводот и желудникот, па токму затоа ќе ви помогне и со чувството на горење коe се појавува во пределот околу срцето. Доколку често патите од тоа, покрај чајот од нане, пијте и чај од камилица. Исто така избегнувајте ги мастиките без шеќер, бидејќи и некои вештачки засладувачи можат да предизвикаат гасови и надуеност.
Јогурт
Најобичниот незасладен јогурт е одличен во борбата со грчевите и воздухот кој е насобран во желудникот, а пробиотиците кои се наоѓаат во неговиот состав помага и со дијарејата која настанува по пиењето антибиотици. Јогуртот во организмот ни внесува корисни бактерии кои ги намалуваат болките во целиот дигестивен тракт.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет може брзо да ги реши проблемите со варењето на храната кои настануваат при недостаток на киселини во желудникот. Доволна ви е само една супена лажица јаболков оцет, или две измешани со топла вода и малку мед за да го смирите надразнетиот желудник. Јаболковиот оцет исто така содржи Б и Ц витамини.
Ориз
Оризот лесно се вари, и притоа го зголемува впивањето на течностите. Токму затоа доколку страдате од дијареја, тој може да ја врати вашата столица во нормална состојба, а исто така да ви помогне и да се изборите против непријатното чувство во желудникот.
Ѓумбир
Ѓумбирот би можел да биде од голема помош кога станува збор за повраќање или мачнина. Потопете го ѓумбирот со врела вода и оставете го така неколку минути. Или пак, можете едноставно да купите чај од ѓумбир.
Банана
Бананите го смируваат надразнетиот желудник и помагаат при нормализирање на столицата во случај на дијареја. Бананите исто така содржат калиум кој има благотворно дејство на организмот, па доколку некое време сте биле болни и слабо сте се исхранувале, тој може многу да ви помогне.
Анасон
Оваа билка има огромна количина на антиоксиданси, па токму затоа успешно ги елиминира сите токсини во организмот и одлично делува против гасовите. Едноставно изедете пола лажица семки од анасон или грицкајте го свеж и чувството на надуеност во вашиот стомак веднаш ќе исчезне.
Двопек
Сите ја знаат моќта на двопекот кога станува збор за проблемите со желудникот. Токму затоа намачкан со џем, тој ќе ви биде совршениот оброк кој ќе го смири вашиот желудник, а притоа ќе ви овозможи и доволна количина на шеќер и останати хранливи материи.