Храна која го подобрува либидото
Подгответе се да ги заскокоткате сетилата за мирис и вкус со храна за која е научно докажано дека го подобрува либидото.
Чоколадо
Овој сензуален десерт не само што ќе го направи вашиот јазик посреќен, туку содржи и соединение познато како фенетиламин кое е поврзано со ослободувањето на ендорфините, односно, природни хемикалии кои прават да се чувствуваме подобро. Интересно е едно истражување направено од Универзитетот во Гвелф, Онтарио, кое испитало стотици претходно направени истражувања за потенцијалните афродизијаци. Истражувањето покажало дека иако луѓето веруваат дека нивната сексуална желба се зголемува после јадење чоколадо, тоа не е поврзано со кој било начин на сексуално возбудување или задоволство. Со други зборови, сексуалната моќ на чоколадото се наоѓа во мозокот, каде што предизвикува ослободување на серотонин и ендорфин.
Кафе
Иако здивот кој мириса на кафе и не е многу привлечен, сепак кафето има некои својства кои го зголемуваат либидото. Една студија открила дека нагонот за секс се зголемува кај жената откако таа ќе се напие малку кафе кое, пак, го стимулира делот од мозокот одговорен за регулирање на возбудата. Бидејќи спиењето е многу важно за вашето здравје, не заборавајте дека доволно е само мало количество кафе за да ја зголемите желбата за секс и истовремено да не му наштетите на сонот.
Јајца
Јајцата се сигурен извор на Л–аргинин, вид аминокиселина која се покажала како делотворна при лекување на еректилната дисфункција. Затоа вклучете ги јајцата почесто во вашето мени. Навечер обидете се да подготвите вкусна и лесна вечера со јајца.
Праски
Кремастата текстура, убавата боја и привлечниот мирис се само бонус причини поради кои ги јадеме праските. Докажано е дека праските содржат големо количество на витамин Ц, што влијае позитивно на плодноста кај мажите. Поголемата консумација на праски значи и поголем број сперматозоиди. Замрзнатите парчиња праска содржат повеќе витамин Ц отколку свежите, па затоа сокријте некоја праска во замрзнувачот.
Шафран
Најскапиот зачин на светот, шафранот, кој потекнува од цветот на качунката, има благ и нежен вкус и е дел од многу шпански и медитерански специјалитети. Одамна е познато дека шафранот опстојува од неговата репутација како афродизијак и оттука доаѓа и неговата висока цена (11 долари за еден грам). Најдобар начин за консумација е шафранот да го додадете во вашиот омилен чај. Освен тоа, можете да уживате и во многуте шпански деликатеси, како што е паељата, во која се додава големо количество шафран додека се подготвува.
Говедско месо
Говедското месо е извор на цинк и железо, а ги задоволува и потребите за протеини и витамин Б. Тука е и привлечниот мирис и вкусот на месото подготвено на скара, за кои може да се каже дека се еден вид предигра која се јаде. Освен тоа што говедското месо го подобрува либидото, тоа е добро и за целокупната здравствена состојба.
Лубеница
Ова сочно овошје има невообичаено високо ниво на цитрулин, аминокиселина која телото ја користи за создавање на друга аминокиселина, аргинин, која го подобрува васкуларниот систем. Кај мажите, тоа значи здрава ерекција, а кај жените зголемено либидо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.