Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

Јануари, кој се смета за најдепресивен месец во годината, за среќа веќе помина. По само неколку дена „опуштање“, забележувате вишок килограми, на вирусите и настинките не може да влијаете, а ниту пак на студеното време кое ги руши вашите планови. Нема причина зошто да западнете во ваквите состојби на незадоволство. Напротив, треба да научите како да се зајакнете себеси така што ќе уживате во секој нов ден и ќе останете здрави и во добра форма.

Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

Зошто не треба да држите диета после празниците?

По изминувањето на празниците, на повеќето луѓе најпрво им паѓа на ум да држат диета. Но, ова е голема грешка. Прво, со популарните јо-јо диети нема да остварите резултати на долга патека, а причини за славење и празнување ќе има во текот на целата година. Но, дали тоа значи дека секогаш треба да барате помош во брзите диети? Решението е во умереноста. Модерните диети честопати бараат да се откажете од најважните состојки како што се шеќерите, односно јаглехидрати, што е уште една голема грешка. Шеќерот е гориво на телото кое нуди задоволство и ви дава енергија. Второ, во зимската сезона, кога секое излегување на ниски температури на некој начин го исцрпува организмот и кога владеат вируси, важно е да ги внесувате сите потребни хранливи материи со исхраната.

Како да ги изгубите килограмите кои сте ги добиле за време на празниците?

Здравото слабеење се заснова на одземање 500 од 2.000 калории, колку што изнесуваат дневните енергетски потреби на една просечна жена. Ако еден килограм содржи 7.000 калории, тоа значи дека би изгубиле по 1 килограм на секои 2 недели. Нутриционистите истакнуваат дека само бавното слабеење, комбинирано со физичка активност, може да оствари резултати на долг рок, а исто така и промената на исхраната со што би се осигуриле дека килограмите нема да ви се вратат.

Предности на здравото слабеење:

  • Не го исцрпувате организмот
  • Не се враќаат килограмите
  • Не чувствувате недостаток на некои намирници во исхраната
  • Одржувате енергетски баланс
  • Го чувате имунитетот

Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

Кои намирници се од клучно значење за зимските денови?

Протеини! Благодарение на нив вие му давате сила на вашето тело и го чувате она што веќе го имате. Пилешкото или мисиркино месо, варените јајца, лешниците и бадемите се одличен извор на Б6 и Б12 и тие ќе ве чуваат од вируси и настинки. На возрасните им се препорачува 50 грама протеини дневно, а на бремените жени и доилките, уште повеќе.

Храна која одржува витка линија и имунитет

  • Кромидот содржи селен, антиоксиданс заслужен за имунитетот.
  • Сирењето содржи линолова киселина и здрави масти кои треба да ги внесувате секој ден.
  • Јогуртот и другите млечни производи содржат пробиотици кои се ефикасни против бактериите.
  • Млекото содржи витамин Д, а доколку го внесувате доволно, ќе ја намалите шансата да се разболите.
  • Цинкот, кој се наоѓа во црвеното месото и кикириките, исто така игра огромна улога во одбраната од грипот.

Витаминот Б6 се состои во следниве намирници: Пилешко/мисиркино месо, мешунки, компир, спанаќ, жолчка, суви сливи, грозје, банани.

Цинкот можете да го најдете во: Говедско/јагнешко/свинско месо, бадеми, кикирики, житарки, морски плодови.

Витаминот Б12 е присутен во: Пилешко/мисиркино месо, млеко, риба, јајца, сирење, црн дроб.

Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

Трик за ублажување на мачнините

Не е необично освен со респираторните заболувања, да се соочите и со стомачни вируси кои предизвикуваат мачнини и дијареа. Мачнините најдобро можете да ги ублажите со чај од ѓумбир, така што ќе ставите 30 грама ѓумбир во половина литар вода, ќе го покриете и ќе го оставите да се олади десетина минути, а потоа можете да додадете лимон и мед за подобар вкус. Инаку, исто така е познато дека газираните, ниско калорични пијалаци, може да ги ублажат симптомите на мачнина.

Дали е точно дека пилешката супа го лекува грипот?

Да, тоа е точно. Пулмологот Ервин Зимент докажал дека пилешката супа може да ги ублажи симптомите на грип, затоа што аминокиселината цистеин која се наоѓа во оваа супа е основна состојка на лековите кои се препишуваат против бронхитис и други болести поврзани со дишните органи. Ефективноста на супата се зголемува ако додадете лук и малку бибер.

Па, доколку сакате да имате здрав организам треба да практикувате навремено да се одморате, да јадете сѐ, но умерено, редовно да вежбате, да го намалите нивото на стрес во околината и да престанете да внесувате тутун.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар