Храна која ги ублажува болките
Кога ќе се појават првите знаци на болка, не посегнувајте веднаш по лековите. Наместо тоа, обидете се да ги ублажите на природен начин, преку консумација на одредена храна која може да ви помогне.
‘Ржан леб
Доколку страдате од запек, јадењето ‘ржан леб може да ви помогне многу повеќе отколку лаксативите. Тоа се должи на диететските влакна во ‘ржаниот леб кои помагаат храната побрзо и полесно да се движи низ дигестивниот систем. Студијата спроведена во Хелсинки која ги истражувала придобивките од ‘ржаниот леб, исто така, дошла до заклучок дека идеалната бројка за консумација на ‘ржан леб е 7 парчиња дневно.
Овошје и зеленчук
Познати се многубројните придобивки од овошјето и зеленчукот, но сепак, овие производи на природата најголем ефект имаат кај оние кои страдаат од синдромот на нервозно дебело црево. Овој синдром е карактеристичен за женската популација (дури 60% од жените го имаат). Доколку се сомневате дека страдате од овој синдром, обидете се со следниов тест: Јадете само овошје и зеленчук кои се термички обработени, конзервирани или исцедени, но никако свежи. Ако навистина го имате синдромот на нервозно дебело црево, подобрувањето ќе го почувствувате за помалку од една недела.
Лосос
Според прелиминарните студии, Омега 3 масните киселини можат да помогнат при намалување на болките предизвикани од артритис. Најголем извор на овие масни киселини е рибата, посебно лососот. Освен што ги смируваат болките во зглобовите, масните киселини можат дури и да го намалат воспалението, но и тегобите во стомакот предизвикани од стрес.
Ѓумбир
Ѓумбирот е состојка која ефикасно ги отстранува болките во мускулите и зглобовите. Тој успешно се бори против воспаленијата и во мускулите и во зглобовите. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои секојдневно консумираат ѓумбир во рок од 11 дена почувствувале намалување на болките. Освен тоа, ѓумбирот е одличен природен лек против настинка.
Кафе
Истражувањата покажуваат дека 200 милиграми кофеин – околу 450 мл варено кафе – ги олеснува главоболките, вклучувајќи ја и најтешката форма – мигрената. Но, не заборавајте дека ако подолго време косумирате кофеин, тоа може да има и спротивен ефект затоа што штом ќе се откажете од него, главоболката веднаш ќе се појави.
Чај од нане
Три шолји на ден чај од нане ги намалуваат стомачните грчеви и надуеноста во стомакот за помалку од 48 часа. До овој податок дошло истражувањето направено во Канада. Чајот од нане ќе има поголем ефект доколку се пие половина час пред секој оброк. Состојките од нането ги уништуваат меурчињата од гас во дигестивниот систем и го спречуваат нивното повторно формирање.
Цимет
Циметот е хранлив зачин богат со антиоксиданти кои успешно се борат против Алцхајмеровата болест, дијабетисот, Паркинсоновата болест, па дури и ракот. Тој е моќно оружје против кардиоваскуларните проблеми. Истовремено, циметот е еден од најдобрите природни регулатори на шеќер во крвта, со што се намалуваат шансите за појава на дијабетес.
Шафран
Шафранот е најскапиот зачин во светот. Својствата на оваа состојка ја оправдуваат неговата висока цена. Едно истражување покажало дека шафранот има антидепресивни својства слични на одредени лекови против депресија. Друга студија покажала дека шафранот го зголемува протокот на крв во мозокот, што може да помогне во зголемување на когнитивните перформанси.
Чили пиперчиња
Според археолозите, луѓето јаделе чили пиперчиња уште пред речиси 10.000 години. Оттогаш, чили пиперчињата се користат за сè. Јапонските каратисти јадат чили пиперчиња за да ја зајакнат својата волја. Истражувањата покажале дека капсаицинот, активната состојка во чили пиперчињата, помага при намалувањето на главоболките, артритисот и болките предизвикани од хронични проблеми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.