Храна и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочници

Храна и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочници

Ако се борите со темни подочници, знаете колку големо влијание можe да имаат врз вас. Очите се центарот на лицето и затоа е невозможно да се игнорираат темните кругови под очите, освен ако не носите очила за сонце. Поради нив, може да изгледате постаро и како да немате енергија. Но, биолошките причини и начинот на живот што го водите влијаат врз појавата на подочници.

Храна и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочници

Биолошки причини

Генетика – ако имате членови во семејството со овој проблем, постои поголема шанса и вие да ги имате.

Боја и тен на кожата – поради одредена пигментација, темните кругови под очите се појавуваат почесто кај која било раса, освен кај оние со бела кожа.

Возраст – како што стареете, областа околу очите станува потенка, ја губи еластичноста и може да ја смени бојата.

Начин на живот

Недостаток на сон – здравите возрасни лица имаат потреба од седум до девет часа сон. Недостатокот на сон може да влијае на отокот и на состојбата на вашата кожа, што може да доведе до појава на темни кругови под очите.

Анемија – освен што се чувствувате многу уморни, темните кругови под очите може да бидат првиот знак за препознавање на недостатокот на железо.

Пушење – никотинот му пречи на сонот и може да доведе до апнеја и до дехидратација, а дехидратацијата доведува до темни кругови под очите.

Нарушена функција на тироидната жлезда – слабата функција на тироидната жлезда доведува до насобирање вода во телото и лицето, па дури и до темни кругови под очите.

Изложување на сонце – сонцето го стимулира производството на мелатонин, што значи дека вашите темни кругови под очите може да потемнат уште повеќе.

Сепак, постои решение за сите горенаведени проблеми: откажете се од пушењето, ставете крем за сончање и лекувајте ги медицинските проблеми. Исто така, многу е важно да бидете хидрирани во секое време. Но, дури и ако го смените вашиот животен стил, темните кругови под очите може да бидат упорни и да бидат видливи. Покрај кремовите или козметичките третмани кои се нанесуваат директно на проблематичната област, постојат храна и додатоци што може да ви помогнат во борбата против овој проблем.

Храна што може да ви помогне

Домати – иако повеќето луѓе ги знаат по тоа што се богати со антиоксиданти, доматите всушност се богати со ликопен од кој ја добиваат црвената боја. Ликопенот помага да се заштитат крвните садови и да се подобри циркулацијата, што дефинитивно ви треба во областа под очите.

Краставици – иако употреба на краставици за козметички цели најчесто е прикажана како парчиња што ги ставате на очите за да го намалите отокот, тие можат да бидат корисни за темните кругови под очите и ако ги јадете. Голем дел од водата што ја содржат ќе го хидрира вашето тело, а правилната хидратација ја олеснува борбата против темните кругови под очите и го зголемува производството на колаген.

Сусам – антиоксидантите во сусамот може да ги намалат симптомите на замор што предизвикуваат темни кругови под очите. Сусамот содржи витамин Е, кој е одличен за здравјето на очите.

Шумско овошје – содржи антиоксиданти и антоцијанин, кој им дава темна боја на плодовите, ја подобрува циркулацијата и ја храни кожата со кислород.

Лубеница – лубеницата во овој контекст може да се смета како комбинација на домати и краставици затоа што има сличен процент на вода како краставиците, а исто така содржи и ликопен како доматите.

Суплементи што може да ви помогнат

Железо – ако темните кругови под очите се предизвикани од анемија, време е да одите на лекар и да го надоместите недостатокот на железо.

Витамин Б12 – бидејќи најмногу се наоѓа во месото и во другата храна од животинско потекло, веганите мора да обрнат внимание на нивото на витамин Б12 во организмот, но и на луѓето што јадат месо нема да им наштети дополнителниот внес на овој витамин. Во едно истражување, 12 % од луѓето кои имале темни кругови под очите, страдале и од недостаток на витамин Б12.

Витамин К – овој витамин ја подобрува циркулација и во комбинација со кофеин помага во намалување на темните кругови под очите.

Витамин Ц – овој витамин е одговорен за производството на колаген и за намалување на оштетувањето од сончевите зраци, што е важно ако вашите темни кругови се предизвикани од изложеност на сонце.

Прочитајте како да го исчистите вашето тело со храната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар