Нова слатка експлозија: Сладолед во комбинација со шеќерна волна!
Главниот десерт со кој се почестуваме во забавните паркови доби целосна нова димензија на сервирање.
Со растот на температурите растат и идеите за сервирање на сладоледот, омилениот летен десерт. Сега тој се здружи со шеќерната волна која со своите пастелни бои го прави еден од најфотогеничните десерти на Инстаграм.
Лондонската слаткарница „Milk Train“ започна со продажба на сладоледите кои делуваат како да пловат во облак со пастелни бои. Сладоледот доаѓа во три вкусови: ванила, чоколадо и зелен чај, а се послужува со еден куп прелив, чоколадни парчиња, јаткасти плодови и мелен кекс.
Десертот изгледа спектакуларно, а сигурно сме дека ѝ неговиот вкус е таков.
Дали се сеќавате на претходниот сладок тренд? Црниот сладолед беше најголемиот хит во светот!