Храбри жени искрено откриваат зошто одлучиле да ја прекинат нивната „отровна“ љубовна врска

Храбри жени искрено откриваат зошто одлучиле да ја прекинат нивната „отровна“ љубовна врска

Никој не е совршен, сите ние имаме некои маани и недостатоци. Но, вистинската љубов го прифаќа сето тоа – и доброто и лошото. Имајќи го тоа на ум, кога срцето повеќе не е сигурно, душата почнува да пати. И тогаш најдобро е да се каже збогум. Тоа воопшто не е лесно да се изговори, но сепак најдобро е да се тргне понатаму.

1-silni-zheni-iskreno-otkrivaat-koga-i-zoshto-odluchile-da-ja-prekinat-nivnata-otrovna-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

„Ја поминав ноќта кај мојата другарка и ѝ кажував за караниците кои ги имавме со моето момче. Ме погледна во очи и ми кажа дека тоа не е нормално однесување, односно дека треба да го оставам. Нејзиното мислење ги потврди моите најголеми стравови. Знаев дека е во право.“

„На почетокот беше прекрасен, како и останатите. Но потоа, почна многу да се лути доколку излезам со моите пријателки, а не со него. Еднаш ми забрани да отидам да ја видам мојата најдобра другарка. Заминав следното утро.“

„Тој раскина со мене и веднаш посака да се смириме. Прифатив бидејќи бев осамена, но и го сакав. Но, само штом се смиривме, постојано го спомнуваше раскинувањето и се преиспитуваше дали е паметно што сме повторно заедно. Знаев дека тоа ќе трае така до недоглед, па се спакував и заминав додека тој беше излезен со пријателите.“

„Го оставив веднаш штом видов дека нема да ги промени своите лоши навики, без разлика на тоа колку го сакав и што и да правев.“

„Бевме верени година дена. Ноќта пред нашата венчавка, мајка ми ме погледна во очи и ме праша дали ова е тоа што навистина го сакам. Почнав да плачам и веднаш знаев дека не можам да продолжам со него понатаму.“

2-silni-zheni-iskreno-otkrivaat-koga-i-zoshto-odluchile-da-ja-prekinat-nivnata-otrovna-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

„Бевме зависни еден од друг. Нашата љубов беше како дрога. Моите пријатели започнаа да се грижат, бидејќи се држев за него како тој да ми беше спасител. Го напуштив бидејќи не сакав никој да ми биде толку многу потребен.“

„Го изневерив и тој ми прости. По два месеци, една вечер се скаравме и тој повторно го спомена тоа. Целата негова доверба ја снема и знаев дека не можам да живеам на таков начин.“

„Со години бевме заедно и честопати раскинувавме. На петтата годишнина, резервирав хотел и направив романтичен амбиент. Не се појави. Од тогаш не сме разговарале.“

„Никогаш не беше физички насилен, но секогаш го коментираше мојот изглед. Еднаш ме праша зошто носам тесни фармерки кога тие се наменети само за слабите девојки. Се отселив една недела подоцна.“

„Го оставив кога тој одлучи да излезе со неговите пријатели на мојот роденден. Никогаш нема да му го простам тоа.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар