#Honjok е начин на живот кој доаѓа од Јужна Кореја и станува сè попопуларен
Легендата вели дека има и такви кои се сами, исполнети и среќни, а сè почестата практика на #honjok го докажува тоа.
Honjok е јужнокорејски израз што се однесува на сè поголем број млади луѓе во Јужна Кореја, кои се среќни и подготвени да одлучат сами да ги прават работите и да уживаат во привлечностите на слободниот живот. Терминот е популарен од 2017 година, кога се појавија сè поголем број луѓе, како и локални жители, кои ги срушија предрасудите за тоа да бидат сами на јавно место, како и за независните оброци, пијалаци и читање. Овој начин на живот беше сфатен како значајна пресвртна точка во традиционалното семејство и во групно ориентираната Јужна Кореја. Во земја каде што заедницата и семејството се на врвот на списокот со приоритети, сè поголем број млади не ја замислуваат среќата на тој начин. Свесни за забрзаниот начин на живот и за тоа дека имаат сè помалку слободно време, подолго работно време и сè потешко можат да најдат партнер, младите понудија детабилизација на слободниот животот како опција за модерно живеење и му пристапија како што треба – со прифаќање и без стигматизација.
Овој израз произлегува од од двата збора „хон“ (сам) и „јок“ (племе) и од неговото основање до денес може да се гледа како глобален феномен кој во суштина се потпира на прославата на индивидуалноста над групата. Исцрпени од идејата за глутница и од чувството на несоодветност поради недостатокот на партнер, младите одлучија дека независноста, осаменоста и автономијата се најадекватниот одговор на наметнатите очекувања. И сето ова има голема поврзаност со еден друг модерен концепт. YOLO (you only live once) или „живееш само еднаш“ е уште еден дел од модерната култура, од општеството и од неговите дијагнози, а покрај фактот што се плашиме дека ќе ни недостасува нешто забавно, во истовреме копнееме да го живееме животот во потполност, свесни за фактот дека живееме само еднаш. Сите знаеме дека треба да бидеме искрено среќни, присутни, свртени кон сегашниот момент и кон нашите желби и принципи, а не да живееме за другите, според туѓите правила и очекувања. Судејќи според она што се случува сега, тоа е многу дискутабилно и турбулентно.
Во тој дух, младите „хонјохокери“ се подготвени да отстапат од патот за брак, работа, деца и семејство за да го живеат својот живот најдобро што можат, дури и ако се сами. Во својата најекстремна форма, може да звучи како да се чини дека сè поголем број себични осамени луѓе решаваат да работат само за себе и таквиот систем да доведе до социјален колапс, но суштината на овој живот е, пред сè, она што треба да биде суштината воопшто: потребата и желбата за самореализација и среќа и свеста дека никој друг не придонесува за тоа, туку само ние. Научете да бидете сами (според ситуацијата или изборот) и бидете искрено среќни, задоволни и исполнети во тоа.
Франси Хили е психолог, кој во книгата „Honjok: The Art of Living Alone“, објаснува дека ова е, меѓу другото, длабоко феминистичко движење и одговор на младите Корејки на идејата да бидат жена и мајка – единствениот клуч за среќа. Напротив, постојат безброј извори на среќа, а решението не лежи во исполнување на која било општествена улога или барем не само во тоа. Всушност, ако треба да изберат, авторите ја потенцираат осаменоста како еден од основните чекори за постигнување среќа и свеста дека може да се биде сам без чувство на осаменост, а може да се биде осамен дури и во брак. Понекогаш е навистина подобро да се биде сам отколку во некое лудо општество и тоа е веројатно еден дел од оваа гигантска, глобална лекција за секого.
Ако по карантинoт, излезете на кафе сами и како единствен „соговорник“ носите книга и уживате во секој збор додека пиете капучино, без страв дека некој ќе помисли дека сте толку осамени, честитки – ја откривте убавината на #honjok.
Прочитајте ги овие 3 совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.