Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

Кафеавиот кармин е одличен избор за ладните денови кои доаѓаат. Темната нијанса во боја на чоколада е совршена за вечерни излегувања, а преку ден секогаш може да комбинирате посветла нијанса, како што е бојата на лешник со облека во пастелни, но и јаки бои. Исто така, во студените есенски и зимски денови треба да користите пудра секој ден, бидејќи ако е квалитетна ќе ја заштити вашата кожа од последиците на ветрот и лошото време.

1-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_

Постои нешто навистина мистериозно и несекојдневно кога жената на своите усни ќе нанесе кармин во кафеава боја. Нејзините усни автоматски добиваат мистериозност, исполнетост, а карминот во оваа боја со својата убавина не заостанува никако зад кармините во светли и пастелни нијанси.

2-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_

Кафеавиот кармин е одличен избор доколку имате светла боја на косата, но и ако се бојадисувате во розова или виолетова боја кои се апсолутен тренд оваа година.

3-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_

Кафеавиот кармин може да го нагласите со сјај за усни, можете да го нанесете во неколку слоја ако сакате поинтензивен изглед или да додадете малку „nude“ кармин за посветла нијанса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар