Хиперсексуалност: Симптом за ментално нарушување за коешто никој не зборува
„Дали имам секс со странци? Да. Постојано мастурбирам? Да. Дали можам да бидам сексуално задоволен? Не. Колку што сакам да купувам и да заработувам, толку сакам да имам и секс.“
Токму вака изглед да бидете биполарни и да имате симптоми на хиперсексуалност. Барем на овој начин го опишал Енди Берман во неговите мемоари „Електромомче: Мемоари на манија“ (Electroboy: A Memoir of Mania).
Клинички, хиперсексуалноста е дефинирана како дисфункционална преокупираност со сексуални фантазии, а многу често е придружена и со неинтимен секс, порнографија, мастурбирање, романтичен интензитет и слично.
Но поради разните начини на кои се манифестира хиперсексуалноста, може да биде навистина тешко да се класифицира. Од ова произлегува верување дека хиперсексуалноста не е состојба, ниту симптом, туку недостаток од морал или самоконтрола кај личноста. Ова мислење не само што резултира со недостаток од сочувство, туку и недостаток од правилен третман.
Иако хиперсексуалноста може и самата да се гледа како нарушување, често познато како нимфоманија, или зависност од секс, таа може да биде и симптом за други болести. Најчесто хиперсексуалноста се појавува за време на периоди на манија кај луѓето кои имаат биполарно нарушување. Ова нарушување предизвикува необична промена на расположението, енергијата, активноста и способноста да се извршуваат секојдневните обврски. Направени се неколку истражувања за поврзаноста на ова нарушување и хиперсексуалноста, и досега се претпоставува дека од 25% до 80% од луѓето со биполарно нарушување ќе искусат симптоми на хиперсексуалност.
Во периодот на манија кај луѓето со биполарно нарушување, тие искусуваат високо ниво на енергија, многу мисли и чувства на непобедливост. Понекогаш се вклучуваат во активности кои причинуваат задоволство и овде се појавува хиперсексуалноста.
Поради намаленото знаење за ова нарушување, личностите кои страдаат ретко бараат помош. Се случува нарушувањето да влијае на нивната кариера, врски, финансии или здравје. Бидејќи со ова нарушување се јавува и срам, особено кај зависниците од секс, многу луѓе никогаш не бараат помош.
Погледнете ги и скриените знаци кои укажуваат на зависност од секс.