Хималајски рецепти за долговечност
Зошто во последните неколку години сè поголем број луѓе од Хималаите живеат над 100 години? Како може да изгледаат и да се чувствуваат здраво? Како ги избегнуваат болките и болестите? Продолжете со читање за да ги откриете нивните тајни.
1. Многу спијат
Луѓето од Хималаите знаат колку е важно секоја вечер да спијат онолку колку што му е потребно на телото. Тие навистина знаат да се опуштат. Квалитетниот сон е важен за умот и телото. Спиењето го намалува нивото на хормонот на стрес кој инаку може да го зголеми ризикот од многу болести. Па, секоја вечер спиете барем по 7 часа.
2. Јадат калинки
Калинката има многу здравствени придобивки, а најважната е што го подобрува здравјето на срцето. Истражувањата покажале дека калинките содржат супстанци кои ги подобруваат работата и здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Чистиот сок од калинка е трипати покорисен за срцето од зелениот чај.
3. Јадат гоџи бобинки
Гоџи бобинките се една од главните причини за долговечноста на овие луѓе. Овие неверојатни бобинки се одличен извор на витамин Ц. Можете да консумирате чист сок од гоџи бобинки или да јадете по неколку зрна од овој плод дневно. Можете да ги јадете и свежи и суви.
4. Се опуштаат во природа
Луѓето од Хималаите живеат во хармонија со природата и знаат како да ја искористат за намалување на стресот и ослободување од анксиозноста и депресијата. Многумина од нив користат и есенцијални масла. Најчесто употребуваат масло од сандалово дрво кое смирува, го намалува стресот и го подобрува расположението.
5. Јадат кардамом
Ако имате проблеми со празнењето и страдате од гасови и подуеност, почнете да употребувате кардамом. Можете да додавате по 1 лажичка во чај или кафе. Пијте го најмалку 10 минути пред оброкот. Некои истражувања покажале дека кардамомот може да ве ослободи од масните наслаги околу органите и со тоа да ве заштити од срцеви болести и мозочен удар.