Хеликс тетоважи: Луѓето тетовираат прекрасни цртежи по должината на увото
Најпрво се појави еден тренд за храбар пирсинг, а сега следува нешто малку поинакво. Станува збор за деликатна тетоважа на ‘рскавицата на увото – тоа е новиот естетски тренд кој не може да се види на прв поглед. Пред неколку години во мода беше пирсингот, а оваа година во тренд се минималистички тетоважи на ‘рскавицата на увото, што на суптилен начин им овозможуваат на луѓето да ја изразат својата личност.
Девојките најчесто тетовираат билки, животни, музички ноти или својот хороскопски знак. Инстаграм е полн со инспирација за овој вид тетоважи.
Новиот тренд во оваа област е ликовна форма на ‘рскавицата на увото. Таканаречените хеликс тетоважи може да се забележат дури по тргањето на косата, па затоа се и толку мистериозно привлечни.
Ова е одлична опција за оние дами кои не сакаат нивната тетоважа да биде видлива за сите. Спиралната тетоважа со ботанички израстоци е еден од најголемите хитови за ова лето.