Хари Потер нè учи на големи животни лекции, кои ги сфаќаме откако ќе пораснеме
10. Вашата болест не е она што ве определува
Ремус Лупин не дозволи тоа што е врколак да му го определи животот. Било да сте со вродена болест или таа да се развила подоцна, запаметете дека вие сте личност без разлика на тоа што носи вашето тело.
11. Не се обидувајте да бидете нешто што не сте
Да бидете нешто што не сте е опасна игра. Ова Гилдерој Локхарт го научи на потешкиот начин. Покажете го она што го можете и она што не го можете. Времето и напорот што би го потрошиле во преправање подобро искористете го за да научите да се чувствувате пријатно во својата кожа.
12. Љубовните сплетки се многу незрели
Доколку некој ви се допаѓа кажете му го тоа. Ако потрошите години за да си ја искажете љубовта ќе потрошите многу време кое може да го поминете во гушкање. И немојте да влезете во врска само за да го направите поранешниот партнер љубоморен. Тоа е тотално незрело.
13. Доброто срце секогаш победува
Кога Хари отиде до дното на црното езеро, што беше во склоп на настап во турнирот на трите волшебни училишта, тој едноставно не можеше да ја остави беспомошна малата сестричка на својата соперничка. Па затоа ја спаси и неа. Без разлика што не беше прв во исполнувањето на задачата, неговата морална постапка му донесе дополнителни поени и покрај тоа што тој ова не го знаеше додека го правеше доброто дело. Правете добри дела и судбината еден ден ќе ве награди.
14. Не секогаш ќе успеете да се збогувате со оние кои ги сакате
Понекогаш разделбите се случуваат ненадејно. Кажете им на оние кои ги сакате, затоа што понекогаш тие може да заминат додека да трепнете.
15. Дури и кај најјаките пријателства може да се јават моменти на љубомора
Рон многу често е љубоморен на вниманието коешто го добива Хари, а Хермиона се изненади кога во шестата година стана експерт во напивки. Љубомората се случува, луѓе сме. Мала доза на љубомора е во ред, но не смеете да дозволите таа да ве води низ животот.
16. Понекогаш мора да ги прекршите правилата
Правилата се направени за да се прекршат, нели ? Па, не баш. Но, понекогаш на одерено место и во одредено време имајќи го предвид општото добро, треба да се заобиколат одредени правила.
17. Доколку сакаш да видиш каков е човекот, обрни внимание како се однесува со немоќните
Доби им го украде срцето на љубителите на Хари Потер, за на крај и животот да го жртвува за својот херој. Додека неговиот сопственик кој беше смртојад, се однесуваше сурово со Доби, златното срце на Хари смисли измама да го ослободи Доби од неговото ропство.
18. Ние старееме, но магијата е вечна
Оние кои ги сакаат книгите на Хари Потер и пораснаа со нив, најчесто имаат топли сеќавања за волшебниот свет на магии и напивки. Причината зошто оваа серија стана феномен, е тоа што луѓето секогаш ќе се сеќаваат на чувствата што овие книги секогаш ќе ги предизвикуваат. Пријателството, правењето добрина, љубовта – тоа е вистинската магија на овој свет.