Хари Потер нè учи на големи животни лекции, кои ги сфаќаме откако ќе пораснеме
Љубителите на Хари Потер можеби не можат да летаат на метла и немаат магични стапчиња, сепак се подобри луѓе благодарение на лекциите кои ни ги пренесе писателката.
1. Професорите се ‘рбетниот столб на општеството
Почнувајќи од Лупин кој неуморно се бори против Волдеморт, до Мек Гонагол која го припрема Хогвартс за битка, сите професори во училиштето неуморно се борат да ги заштитат своите ученици. Во вистинскиот живот професорите нема да бидат магионичари, но сепак интересите на учениците им се на прво место, дури и кога даваат дополнителни домашни задачи.
2. Само затоа што не си во крвно сродство со некого не значи дека не сте фамилија
Семејството Визили му беше сурогат семејство на Хари. Почнувајќи од Моли која му плетеше џемпери за Божиќ и близнаците кои се шегуваа на сметка на Хари исто како што тоа го правеа со останатите црвенокоси браќа. Братството помеѓу Рон и Хари е многу појако и значи многу повеќе љубов отколку крвното сродство.
3. Паметете, тоа е многу важно
Запаметете им ги имињата на луѓето. Тие ќе го ценат тоа.
4. Секогаш внимавајте на час
Златната тројка Рон, Хари и Хермиона многу често го употребуваа наученото на часовите по маѓии и напивки за да решат некој проблем. Образованието е непроценливо. Продолжувањето на образованието иако не е задолжително, за него треба сепак сериозно да размислите.
5. Интелигенцијата не секогаш е најважното нешто
Хермиона е онаа која најмногу проучува за да открие што се случува. Иако Рон и Хари дефинитивно не се „мозоци“ во групата, сепак со храброста и големото срце многу често го постигнуваа она што Хермиона со знаењето не можеше да го постигне.
6. Облеката не го прави човекот
Имам два збора за вас: Долорес Умриџ. Само затоа што некој делува нежно и пријатно не значи дека и карактерно е таков. Знаете, можно е волкот да е скриен во овча кожа.
7. Вистинските пријатели се познаваат во тешките моменти
Доколку сте во неволја многу лесно може со себе да ги повлечете и оние што се близу до вас. Рон и Хермиона го научија тоа на потешкиот начин, но исто така секогаш беа спремни да му помогнат на Хари без разлика на неволјата во која ќе се најдеше. И вашите вистински пријатели ќе го направат истото и за вас.
8. Понекогаш мораме да направиме тешки одлуки за да ги заштитиме оние кои ги сакаме
Ова е лекција која секој од нив тројца мораше да ја научи. Многу малку одлуки од серијата на Хари Потер беа лесни за донесување. Започнувајќи од раскинувањето на врската за еден од партнерите да може да си го оствари својот сон, па до откривањето на вистината во вистинскиот момент, таквите одлуки ги прават луѓето коишто многу ве сакаат.
9. Слушајте ги оние кои никој не ги слуша
Колку и чудно да изгледа Лина Лафгут, таа најчесто ги имаше одговорите за тоа што се случува. Не ги занемарувајте луѓето во вашиот живот коишто се срамежливи или кои ги нарекуваат чудаци. Понекогаш тивкото другарче знае да раскаже чудесни приказни, а можеби „градската будала“ во себе крие длабока приказна.