Гушкањето крави е новиот светски тренд
Светот денес е полн со нови трендови создадени за смирување на умот и телото. Новата практика доаѓа од Холандија, а станува збор за гушкање крави што предизвикува насмевка на вашето лице. Затоа, немојте да се изненадите што Интернетот станува се пополн со фотографии од луѓе кои гушкаат крави.
Холандскиот тренд „koe knuffelen“, што значи гушкање крави е практика која се фокусира на позитивното влијание што го имаат животните врз луѓето. Гушкањето крави обично започнува со прошетка низ фармата, што само по себе е доволно релаксирачко. Потоа следува неколкучасовен одмор покрај кравата. Нејзината потопла температура на телото, побавно отчукување на срцето и големина може да го направи прегрнувањето неверојатно смирувачко и терапевтско искуство.
Се верува дека галењето крави ја зголемува позитивноста и го намалува стресот со зголемување на лачењето на оксикотин, хормон што се ослободува за време на пријатни социјални односи. Гушкањето со крави може да биде одлична емоционална поддршка во случај да ви треба. Оваа корисна забава се појави во руралните холандски провинции пред повеќе од десет години и сега е дел од поширокото холандско движење за приближување на луѓето кон природата и руралниот живот. Денес, многу фарми во Ротердам, Швајцарија, па дури и Америка нудат сесии за гушкање без стрес.
Гушкањето може да биде корисно и за самите животни. Една студија од 2007 година во списанието Applied Animal Behavior Science вели дека кравите покажуваат знаци на длабока релаксација кога се масираат во одредени области на вратот и горниот дел на грбот.
Прочитајте кои 5 едноставни активности ќе ви ги смират мислите.