Губење на страстите: 3 знаци дека имате лош сексуален живот

Губење на страстите: 3 знаци дека имате лош сексуален живот

Сексот е страстен момент помеѓу партнерите. Иако секое искуство со долгогодишниот партнер не може секогаш да биде најубавото досега, сепак постојат одредени знаци кои доколку се повторуваат, откриваат дека е време за разговор со љубениот или љубената и одредени промени во вашиот сексуален живот.

Губење на страстите: 3 знаци дека имате лош сексуален живот

1. Глумите оргазам

Скоро и да не постои жена која барем еднаш во својот живот не одглумила оргазам. Според истражувањата, тоа најчесто се случува во ретки ситуации, со цел да се развесели партнерот, што е сосема нормално во одредени љубовни врски. Но, постои и уште причина за ова глумење на оргазмот. Некои жени го прават тоа со цел сексуалниот однос побрзо да заврши. Ако ова е вашата причина, тоа е првиот и најголем знак дека сексот не ве исполнува.

2. Лесно ја губите желбата за секс

Сексот е процес кој се состои од неколку фази. Најпрво, сè започнува со предиграта која може да ги разгори страстите и кај двата партнери. Но, овој дел од сексуалниот однос, доколку не е изведен како што треба, исто така може и да ги згуши вашите желби за секс. Сакајќи да ја задоволат другата страна, понекогаш мажите или жените вложуваат премногу труд во предиграта, добивајќи сосема спротивни резултати. Ако вам не ви одговара предиграта на партнерот, мора да го/ја изведете на правиот пат.

3. Размислувате за други нешта

Иако сите ние живееме во брз свет, каде што тешко се наоѓа време за опуштање и уживање во прегратката на партнерот, тоа не значи дека мора да ги носите вашите дневни обврски и проблеми и во креветот. Имено, докажано е дека квалитетниот секс и оргазмот го опуштаат телото и умот, па ако тоа никако не можете да го постигнете, тогаш без сомнение е време за големи промени. Објаснете му на вашиот партнер или партнерка што ве мачи и заедно дојдете до решението на проблемот. Во спротивно, нема да можете целосно да уживате во вашиот сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар