Грижете се за вашите стапала

Грижете се за вашите стапала

Вашите стапала се основа на секое ваше движење. Време е да го добијат третманот кој го заслужуваат.

Нашите нозе апсорбираат повеќе сила од кој било дел од телото за време на трчањето. Тие се како перки, имаат моќ да го направат трчањето прекрасно или мизерно. Тие нѐ болат, ни се создаваат плускавици, се потат, напукнуваат и сл. Нашите стапала се од суштинско значење за нас.

Legs walking

1. Пронајдете го точниот калап

Соодветниот избор на обувки е од витално значење за здравјето на ногата, не е важна ни фирмата, ни моделот туку калапот. Погрешниот калап може да создаде бројни проблеми почнувајќи од грчеви, па сѐ до плускавици. Обувките кои се премногу тесни во предниот дел создаваат остри болки во нервите на ногата, отекување на предните прсти, оштетување и огрубување на кожата, а обувките кои се премногу широки ѝ дозволуваат на ногата да се лизга при што се создаваат плускавци.

2. Продолжете им го животот на патиките

Многу луѓе откако ќе ги намократ патиките ги редат директно до греалка или на сонце за да се исушат. Ова е лош потег. После некое време вашите обувки ќе се смалат. Исто така не треба да ги ставате во незагреана гаража или надвор при студено време бидејќи се стврднува гумата на која газите. Најдобро е да ги ставите во вашиот дом понастрана од греалката откако веќе ќе ги отстраните влошките.

Совет: Внимавајте на состојбата на вашите обувки, особено во делот на подлошката. Ако тој дел е збиен или пак необично тврд тогаш најверојатно обувките се износени. Или пак не ги користете за трчање, туку за градинарство и слични активности.

3. Зајакнете ги прстите

На ногата ѝ е потребен тренинг за зацврстување исто како и на другите делови од телото, а многу од повредите се директно поврзани со слаби стапала. Ако мускулите се недоволно развиени тие нема да бидат во соодветната позиција за трчање. Исто така колку е посилно стапалото и ножните мускули толку побрзо ќе можете да трчате. Наједноставен начин за зацврстување е да шетате боси колку што можете повеќе или пак два до три пати неделно најдете малку време за вежби:

  • Стојте исправено, нозете малку раздалечете ги и 20 пати подигнете се на прсти.
  • Со прстите застанете на скала, спуштајте се и кревајте се повторно 20 пати.
  • Ставете пешкир под нозете и со прстите 30 секунди кревајте го.
  • Со прстите земајте го моливот или некој друг предмет кој лесно може да го кренете.
  • Со помош на прстите, на подот напишете ја целата азбука, а притоа секоја буква со различен прст.

2-grizhete-se-za-vashite-stapala-kafepauza.mk

4. Внимавајте при изборот на чевлите

Чевлите кои се на врзување повеќе ќе ви се одговараат отколку кои било други. Кога пробувате обувки носете чорапи какви што вообичаено би носеле со тие чевли.

Исто така, обувките со гумен ѓон се покомотни отколку оние со тврд. Ако сакате здрави стапала, отпишете ги високите потпетици од листата. Освен агонијата од стискање на ногата во нив, тие се тешки за движење по напорниот ден. Ако веќе сакате да носите високи потпетици тогаш препорачливо е тие да не се повисоки од 3 см.

5. Набавете ги вистинските чорапи за трчање

Чорапите кои не ви се точни се една од причините за настанување на плускавци при трчањето. Водените чорапи и памучните чорапи исто така. Важно е тие да се од акрилни материјали. Калапот кај чорапите е важен исто како и кај чевлите. Кога ќе ги најдете оние кои ви одговараат, земете неколку пара, но имајте на ум дека истите чорапи кои ја одбиваат топлината во лето, не можат и да ја задржуваат оптималната температура во зима.

6. Омекнете ја кожата

Некои луѓе имаат природно суви стапала кои често напукнуваат. Солуцијата се наоѓа во употребувањето крем за стапала секој ден. Тријте ја кожата сѐ додека не почувствувате меки и мазни стапала. Најдобро време е веднаш после капењето.

3-grizhete-se-za-vashite-stapala-kafepauza.mk

7. Одржувајте ги нозете суви

Некои имаат суви, а некои испотени стапала, или пак едноставно често нагазуваат во снег или во вирчиња. Поради ова, тие се повеќе склони на атлетско стапало и други габични проблеми. Најдобро решение на овој проблем се лесните чорапи кои целосно ја впиваат потта, а притоа ѝ овозможуваат на ногата да дише. Многу важно е никогаш да не носите испотени чорапи.

8. Оладете ги стапалата

Ако нозете ви потекуваат или ви се презагреваат при трчање, тогаш потопете ги во ладна вода директно после трчањето, нанесете мраз или пак искористете го градинарското црево за да ги оладите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар