Грижата за себе не мора да биде скапа
Можеби не можете да се грижите за себе бидејќи ги ставате сите пред вас. Можеби не можете да се грижите за себе бидејќи верувате дека не заслужувате да бидете разгалени. Можеби не можете да се грижите за себе бидејќи сте презафатени со работа и не можете да најдете доволно време за вас.
А можеби не се грижите за себе бидејќи тоа е премногу скапо. Сепак, што и да сакате да направите за себе, чини пари – терапија, патувања, масажи, маникири, теретана…
Доколку немате доволно пари да си ги дозволите овие работи, не значи дека не можете да се грижите за себе. Не ви се потребни милиони за да го зајакнете вашето ментално здравје.
Не ви се потребни пари за да го исклучите телефонот неколку часови и да прошетате во природа или да му се восхитувате на градот во којшто живеете. Не ви се потребни пари за да седнете на подот и да медитирате секое утро. Не ви се потребни пари за да си направите купка и да прочитате некоја книга.
Грижата за себе може да биде што било што прави да се чувствувате смирено, центрирано и со самодоверба.
Грижата за себе може да биде расчистување на работниот простор, така што нема цел ден да го поминете сред неред. Грижата за себе значи да кажете „Не“ кога не можете да направите услуга некому. Грижата за себе може да биде планирање на дружба со пријателите.
Грижата за себе не мора да биде скапи продукти за убавина. Не мора да биде одење на маникир секоја недела. Не мора да биде трошење пари на скапи одмори. Грижата за себе не мора да биде банкротирање.
Грижата за себе едноставно значи да се грижите за себе. Тоа значи да ги почитувате вашите тело и ум. Тоа значи да се осигурете дека сте во ред, пред да се преморите од работа.
Ако сакате да се грижите за себе, почнете на наједноставниот начин. Осигурете се дека пиете доволно вода. Осигурете се дека јадете доволно. Осигурете се дека имате здрав начин за ослободување од стресот. Осигурете се дека сте добри кон себе.
Грижата за себе не мора да биде скапа. Не мора да имате висока плата за да се третирате како приоритет. Вo овој момент ги имате сите потребни алатки за да се грижите за себе. Потребно е само да ги искористите. Потребно е да си ветите дека подобро ќе се грижите за себе.
Погледнете и зошто е важно да се ставате себеси на прво место.