Грешки кои жените ги прават во средните години

Грешки кои жените ги прават во средните години

Можеби годините се само број, но на остареното тело му се потребни нови животни навики за да изгледа убаво. Прочитајте кои се најчестите грешки кои жените ги прават во средните години и како да ги избегнете.

Грешки кои жените ги прават во средните години

Не сте свесни дека ви е потребна промена

Најголемата грешка која жените ја прават во овој период е тоа што не прават ништо. Многу жени продолжуваат да ги прават истите работи кои ги правеле со години, но кои веќе не функционираат. Тие често не се свесни дека им е потребна одредена промена и дека е потребно да препознаат кои се најчестите грешки уште пред да ги направат.

Не ја обновувате облеката

Предизвик е да се пронајде облека која ќе одговара на секоја возраст, но уште поголем предизвик е да пронајдете облека која совршено ќе им одговара на жените во средните години. Најдобро е да се инвестира во облека која содржи ликра и која подигнува одредени делови од телото. Посебно треба да бидете внимателни кога купувате костим за капење или деловна облека.

Грешки кои жените ги прават во средните години

Го споредувате сегашниот изглед со оној кога сте имале 20 години

Мал е бројот на жени кои изгледаат подеднакво атрактивно како во периодот кога имале 20 години. Убаво е да се потсетите како сте изгледале кога сте биле помлади, но сегашниот изглед не треба да ве разочара. Најважно е да изгледате најдобро што можете, а не повторно да изгледате како што сте изгледале во вашите 20-ти години.

Го прескокнувате вежбањето

Вежбањето може да ви помогне така што ќе ги ублажи болките и ќе ги намали здравствените проблеми кои следуваат со текот на годините како што се зголемувањето на телесната тежина, дијабетесот и срцевите заболувања. Стареењето не треба да го користите како изговор за да не вежбате. Напротив, вежбите се потребни да ги правите дури и кога чувствувате слаби болки во колената или грбот. Вежбањето во средни години не значи дека треба да трчате маратон. Доволно е да посетите теретана, да пешачите или да започнете со јога.

Грешки кои жените ги прават во средните години

Не спиете доволно

Не заборавајте дека веќе одамна се поминати деновите кога можевте да останете будни и да работите до доцна во ноќта. Навиката за спиење е уште една од работите кои ќе мора да ги смените, посебно ако секојдневно се справувате со многу обврски. Колку помалку спиете, толку се поголеми шансите тоа да се покаже на вашето лице. Недоволното спиење, исто така, ги зголемува и шансите за дијабетес и други здравствени проблеми.

Претерувате со средствата против стареење

Оваа грешка најчесто ја прават славните личности, но и голем дел од обичните жени. Никој не сака збрчкана кожа, но лице замрзнато од ботокс и надуени усни изгледаат многу пострашно. Производите за кожа кои содржат ретинол може да помогнат при намалување на брчките, но не може да направат повторно да изгледате како тинејџерка. Од друга страна, кај брчките нема ништо неприродно и нереално.

Грешки кои жените ги прават во средните години

Ги занемарувате забите

Секогаш кога ќе се погледнете во огледало и ќе ги забележите брчките, не заборавајте да се насмевнете и да ги забележите и забите. Жолтите заби се само една од причините поради кои изгледате постаро. Оралното здравје е тесно поврзано со целокупното здравје, а воспалението на непцата кое станува сè почесто со годините, ги зголемува шансите за срцеви заболувања. Затоа, не заборавајте да го посетите вашиот стоматолог.

Косата ја одржувате според одредени правила

Вистината е дека не постојат одредени правила според кои жените во средни години треба да ја одржуваат косата. Фризурата на секоја жена зависи од нејзината форма, должина, начин на живеење, како и од самата состојба на косата. Со текот на годините косата станува сива, потенка и поостра. Скратете ја и обојте ја според обликот на лицето и тенот на кожата, а не според годините кои ги имате.

Грешки кои жените ги прават во средните години

Користите погрешна шминка

Боите и брендовите на шминка кои ги користите со години, сигурно веќе не се одразуваат добро на вашата кожа. Обидете се да им одолеете на тешките пудри кои би требало да ги покријат брчките и круговите околу очите, како и на темните бои кои ќе направат да изгледате уште постаро. Наместо тоа, користете огледало кое има ефект на зголемување, пудрите менувајте ги во рок од шест месеци до една година, а шминката нанесувајте ја со лесни потези.

Носите погрешен градник

Гравитацијата неизбежно влијае на нашите тела. Многу жени со години носат ист број на градник и покрај тоа што телото се менува со текот на годините. Правилниот избор на долна облека може да го подигне и да го стегне телото, па затоа измерете ги повторно вашите пропорции и купете долна облека која ќе одговара на вашето тело.

Задоволни сте од здодевниот сексуален живот

Иако е распространето мислењето дека зборот „секси“ е еднаков на зборот „младост“, сепак не треба да се водите според ова размислување. Она што вам ви е потребно е да имате доволно слобода и самодоверба за да се чувствувате секси и да ги истражувате вашите сексуални потреби. За многу жени во овој период сексот претставува уживање, а не како што дотогаш сметале – начин за репродукција.

Грешки кои жените ги прават во средните години

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар